Свет
Трамп: САД не се во трговска војна со Кина
Соединетите Американски Држави не се во трговска војна со Кина, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп кога двете земји најавија меѓусебни услови за увоз. Трамп на „Твитер“ информира дека САД имаат трговски дефицит кон Кина од 500 милијарди долари и дека таму се краде интелектуална сопственост во вредност од 300 милијарди долари, што, како што оцени, не смее веќе да се дозволи.
„Не сме во трговска војна со Кина, оваа војна ја изгубија пред многу години глупави или неспособни луѓе што ги претставувале САД“, наведува Трамп.
Кина објави листа на производи од САД во вредност од 50 милијарди долари за кои ќе бидат зголемени даноците – меѓу кои и за сојата, автомобилите и хемиските производи, како одговор на последните услови што администрацијата на Трамп ги најави на кинескиот увоз. Администрацијата на Трамп најави воведување 25-процентни давачки на 1,3 илјада кинески производи од областа на индустриската технологија, транспортот и производството на медициска опрема настојувајќи да го казни Пекинг поради неговата трговска пракса и наводите за кражба на интелектуалната сопственост. Вредноста на американскиот увоз од Кина е околу 50 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) „Пустинскиот ѓавол“ ја погоди Флорида
Над југозападна Флорида се формира помал „Пустински ѓавол“. Овој виор од прашина, налик на торнадо, помина над индустриската зона, но не предизвика материјална штета.
Пустинскиот ѓавол е вид на локален атмосферски вител.
Се формира главно во текот на попладневните часови, односно во најтоплиот дел од денот.
Impressive Southwest Florida dust devil today in Fort Myers. Check out both the size and rotation as it went through an industrial section along Hanson St. They form on sunny days from pockets of warm, rising air as the updraft starts to swirl. Credit: @WINKNews viewer Theodore S… pic.twitter.com/MmCedPbZiN
— Matt Devitt (@MattDevittWX) April 25, 2024
Најмногу се формира за време на сончеви денови со слаб ветер, кога има интензивно загревање на подлогата, што доведува до загревање на воздухот до подлогата и потоа доаѓа до нагло издигнување на воздухот.
Тие се формираат над голо и суво, или над земја со ниска вегетација, бидејќи таквите типови на земјиште се загреваат побрзо и значително повеќе. Ова е причината зошто вртлозите на прашина се формираат почесто и достигнуваат поголем интензитет во региони со сува и топла клима, како што се пустините, па оттука и името пустински ѓавол.
Во нив, воздухот се крева од основата и се движи околу вертикалната оска – се врти. Овие виори обично се краткотрајни и не предизвикуваат голема штета. Нивниот дијаметар и висина може да биде од околу еден метар до неколку десетици метри. Тие вртат прашина, песок, лисја и полесни предмети. Понекогаш пустинските ѓаволи можат да бидат поинтензивни и да направат помала штета.
Иако пустинскиот ѓавол визуелно наликува на торнадо, бидејќи има и виорно движење и видлива инка создадена од подигната прашина и песок, виорите се значително послаби по интензитет и пократко времетраење од торнадата, а нивното формирање не е поврзано со облаците, туку започнува од земјата при сончево време, додека торнадата се спуштаат кон земјата од основата на олујните облаци.
Европа
(Видео) Дрон сними ајкула во близина на плажа, капачите веднаш излегле од водата: паника во Шпанија
Ново воочување на ајкула доведе до затворање на уште две плажи во Шпанија, додека предатори се забележани кај брегот на Гран Канарија.
Спасувачите им наредиле на капачите да излезат од водата на плажата Меленара на источниот брег на островот, втор ден по ред, кога полициски дрон забележал ајкула на плажата кратко откако таа повторно била отворена вчераутро.
Забраната за пливање е проширена и на соседната плажа Салинетас, пишува „Дејли мејл“.
И околу два часа подоцна, спасувачите подигнаа црвено знаме на трета локација – плажата Сан Аугустин на југот на островот – откако турист ја фотографираше перката на ајкула која излегува од водата.
Веднаш не беше јасно дали големата риба е истата што ги исплаши капачите на плажата Меленара во саботата околу 17 часот и доведе до првото затворање на плажата.
Вчера наутро накратко беше отворен за пливање, пред второто затворање околу 13 часот, откако дронови на локалната полиција забележаа ајкула во близина на пристаништето Талиарте до плажата Меленара.
Локалната полиција потврди по второто, многу појасно видување преку дронот, во истата област вчера околу 17 часот дека се работи за ајкула чекан, истиот вид што предизвика паника во саботата кога се појави во близина на брегот.
Тие можат да бидат долги и до шест метри.
Свет
Украина: Беспилотни летала со камикази нападнаа воени објекти во три руски региони
Украина користела беспилотни летала камикази за да нападне воени објекти во три региони на Русија, јавува украинската агенција Униан, повикувајќи се на извор од Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
Според агенцијата, нападите биле извршени во регионите Белгород, Воронеж и Липецк.
Се додава дека една од целите бил металуршкиот комплекс Новолипек и локалната тракторска фабрика.