Свет
Трамп ја менува политиката за родова идентификација, „X“ исчезнува од пасошите
Соединетите Американски Држави ја прекинаа издавањето на пасоши со ознака X за трансродови лица, со што се исполни указот на поранешниот претседател Доналд Трамп. Оваа одлука значи дека барањата за пасоши со ознака X повеќе не се обработуваат, објави Стејт департментот.
Според неименуван портпарол на Стејт департментот, веќе издадените пасоши со ознака X ќе добијат дополнителни насоки во иднина, додека заедно со ова, администрацијата на Трамп донесе извршна наредба која го дефинира постоењето на само два пола — машки и женски, утврдени при раѓањето.
Претседателот Трамп во своето прво извршно дејство на денот на инаугурацијата потпиша одлука која ја исклучува можноста за признавање на други родови идентитети во официјалните владини документи, а оваа промена вклучува и отстранување на ознаката X од сите владини документи.
Издавањето на пасошот со ознаката X беше првично воведено во октомври 2021 година, за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На вонредна седница во Србија ќе се расправа за доверба на Владата
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.
Конечниот дневен ред ќе се знае утре.
Вели дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата.
Брнабиќ рече дека тоа ќе било и порано на дневен ред, но дека опозицијата злоупотребила два потписи.
Свет
(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво
По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.
Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.
„Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, вели роднина на ослободената заложничка.
По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.
Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство
Свет
Во напад врз болница во Судан загинаа најмалку 70 луѓе
Најмалку 70 луѓе загинаа во напад врз болница во градот Ал Фашер, Судан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Се работи за напад врз единствената функционална болница во тој град.
Бројката од 70 смртни случаи ја објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.