Свет
Тропската бура Никол направи хаос на Флорида, има и загинати
Најмалку две лица загинаа во тропската бура „Никол“, која помина над Флорида и слабее. Невремето продолжува да носи обилни врнежи од дожд и силни ветрови кои ги уриваат далноводите и предизвикуваат поплави.
Бурата Никол вчера го зафати брегот на Атлантикот северно од Мајами, оставајќи околу 350.000 домови и деловни објекти без струја, достигнувајќи урагански ветрови од 120 километри на час, објави „Ројтерс“.
Being safe during a hurricane is important. Tropical Storm Nicole unloaded heavy rains and rampaged with strong winds. Here are some reminders to prepare for hurricanes or storms. #NatureNews https://t.co/lHn6vilkJs
— Nature World News (@NatureWorldNews) November 11, 2022
Се прогнозира дека „Никол“ денеска ќе стане посттропски циклон и ќе продолжи да носи обилни врнежи на југоисток, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Tropical Storm Nicole causes U.S. flight cancellations https://t.co/XbNtSHPQB2 pic.twitter.com/rXcAIhgtZ9
— Reuters Politics (@ReutersPolitics) November 11, 2022
Гувернерот на Флорида Рон де Сантис на прес-конференција рече дека се ставени ресурси за справување со последиците од невремето.
Ураганот Ијан ја погоди источна Флорида пред шест недели кога ја достигна силата на четврта категорија и кога повеќе од 140 луѓе загинаа и предизвика штета од околу 60 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во рафинерија за нафта во Хавана
Пожар вчера избувна во рафинеријата за нафта „Нико Лопез“ во Хавана, што ќе ја влоши кризата со гориво во Куба, предизвикана од ембаргото на САД.
Најголемата рафинерија е сместена во пристаништето во Хавана, каде пред два дена пристигнаа два мексикански бродови со повеќе од 800 тони хуманитарна помош.
Сè уште е непознато дали огнот ги зафатил резервоарите за складирање на нафта.
Куба уште од 1962 година е под американско ембарго, поради што земјата е во економска криза, а се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостиг на гориво, лекови и храна. Ситуација се вложи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе фи стопира сите испораки на нафта за Куба и ќе воведе царини за секоја држава која ќе испорача нафта за Хавана.
Со приведувањето на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на американските сили, Куба го изгуби најважниот сојузник и најголемиот извор на нафта. Повеќе недели на Куба не пристигнал ниту еден танкер со нафта.
Поради кризата со гориво затворени се универзитети, училиштата работат со скратено време, редуциран е јавниот транспорт и е ограничена продажбата на гориво. Исто така и болниците работат со намален персонал.
Трамп минатиот месец изјави дека Куба се движи кон пропаст и ја повика Хавана да склучи договор „пред да биде предоцна“. Тој сака промена на кубанскиот режим.
Обединети нации синоќа изразија загриженост поради кризата на Куба.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.

