Свет
Тропска бура ја пустоши Јужна Африка, најмалку 100 загинати
Разорната тропска бура Фреди, која вторпат за еден месец помина низ јужна Африка, однесе најмалку 100 животи во Малави и Мозамбик, десетици повредени и предизвика голема материјална штета, пишува „Гардијан“.
Според Светската метеоролошка организација, Фреди е една од најсилните бури што некогаш биле забележани на јужната хемисфера и може да биде најдолготрајниот тропски циклон, пишува британскиот весник.
Во саботата невремето го погоди центарот на Мозамбик. Многубројни куќи останаа без покриви, а имаше и големи поплави во областа околу пристаништето Келимане по што невремето се упати кон Малави со поројни дождови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето.
Вистинската големина на штетата и точниот биланс на загинати, особено во Мозамбик, сè уште не е јасна бидејќи нема струја или телефонски сигнал во делови од погодената област. Во невремето во Малави загинаа 99 луѓе, вклучително и 85 во главниот трговски центар „Блантаер“, изјави Чарлс Калемба, комесар на Одделот за управување со катастрофите.
Вкупниот број на загинати од бурата Фреди во Мозамбик, Малави и Мадагаскар откако првпат дојде на копно минатиот месец, сега е околу 136, пренесува „Гардијан“.
Централната болница на Блантир примила најмалку 60 тела до раните попладневни часови, изјави телефонски за „Ројтерс“ директорката на Лекари без граници (МСФ), Марион Пешир, додавајќи дека околу 200 повредени лица се згрижени во болницата.
Портпаролот на полицијата во Малави за „Ројтерс“ изјави дека спасувачките тимови трагаат по исчезнатите лица во Блантаер, вториот по големина град во земјата, каде што во понеделникот сè уште врнеше дожд, а многу жители се без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

