Свет
Тројца уапсени во Калифорнија за подметнување шумски пожари
Две лица се уапсени во Лос Анџелес. Во еден случај, жител на Лос Анџелес изгаснал пожар на дрво и го фатил осомничениот, кој признал дека го подметнал пожарот бидејќи „му се допаѓа мирисот на запалените лисја“, пишува ABC News.
Вториот осомничен признал дека го подметнал пожарот за да предизвика „хаос и уништување“.
Во градот Сан Бернардино, полицијата уапсила маж кој подметнал мал пожар кој изгорел околу 34 хектари, но нема повредени или оштетувања на зградите, јавува CBS News.
Иако пожарите во Јужна Калифорнија се уште не се целосно под контрола, властите најавија дека условите за нивно гаснење почнале да се подобруваат, но дека се уште постои висок ризик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

