Европа
Турскиот парламент одобри проширување на овластувањата на Ердоган
Пратениците на турскиот парламент ги поддржаа контроверзните уставни реформи кои предвидиваат проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Пратениците во неделата навечер го поддржаа и последниот, 18 Член на новиот устав по маратонска дебата што траеше речиси цела недела, пренесува агенцијата AFP.
Во среда треба да се оддржи и втор круг гласање во парламентот.
Медиумите наведуваат дека 344 пратеници гласале „за“, а 131 против.
Предложените промени на уставните амандмани треба да му овозможат на претседателот да биде главен носител на извршната валст, да именува влада, да предложува буџет и да прогласува вонредна состојба во државата.
Со измените ќе се зголеми и бројот на места во парламентот од 550 на 600, ќе се намали минималната старосна граница за пратеник од 25 на 18 години. Измените предвидуваат претседателсите и парламентарните избори да се одржуваат во ист ден.
Главните опозициски партии истакнуваат дека со ваквите измени му се дава преголема моќ во рацете на Ердоган.
Од друга страна, владата смета дека силен претседателски систем ќе ја намали нестабилноста во земјата, а премиерот Бинали Јилдирим рече дека постои голема потреба за уставни реформи, највеќе поради тероризмот.
Реформата на Ердоган ќе му овозможи да именува и менува министри во владата, да одлучува за раководството на владеачката партија и да владее до 2019 година, со максимално два петгодишни мандати. /крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Франција бара воена вежба на НАТО во Гренланд
Франција побара НАТО да одржи воена вежба на Гренланд и е подготвена да учествува, соопшти Елисејската палата, објави Си-Ен-Ен.
Франција, заедно со други европски земји, минатата недела распореди дел од воениот персонал на Гренланд за да учествува во посебна заедничка вежба предводена од Данска.
Ова доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги засили заканите за анексија на арктичкиот остров со сила. Неговите изјави го доведоа во прашање деценискиот безбедносен сојуз предводен од САД во Европа.
Што е воена вежба на НАТО?
Вежбите на НАТО ги свикува командантот на НАТО и можат да бидат со големина од неколку офицери до „вежби од целосен обем што вклучуваат борбени сценарија што вклучуваат авиони, воени бродови, артилерија, оклопни возила и илјадници војници“, вели НАТО на својата веб-страница.
Земјите-членки на НАТО учествуваат во вежбите со обезбедување национални придонеси во форма на војници, опрема или друга поддршка. „Земјите учеснички генерално ги финансираат своите национални придонеси“, наведува НАТО.
Европа
(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени
Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.
Според локалните власти, возот Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урна на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите.
Единаесет амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи се испратени на местото на несреќата.
Повредените се однесени во блиските болници. Лошото време го стави поголемиот дел од брегот во источна и северозападна Шпанија под висока тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.
Несреќата во Каталонија се случи само два дена по сериозниот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.
Европа
(Видео) Русите погодија сопствена зграда со ракета, објави „Киев Индепендент“
Според извештаи од очевидци и снимки објавени на социјалните медиуми, руска противвоздушна ракета погодила станбена зграда. Инцидентот се случил за време на украински напад со беспилотни летала, за кој руските власти предупредија со издавање повеќекратни предупредувања за ракети за регионот, објавува The Kiev Independent.
Russian air defense missile hits residential buildings in Russia’s Krasnodar region – aftermath footage. https://t.co/Yeq3rrjdkG pic.twitter.com/rLQ8tjR1xU
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) January 20, 2026
Жителите пријавиле експлозии во текот на ноќта, а снимките биле објавени на руските канали на Телеграм, на кои се гледа како воздушната одбрана дејствува над градот. Едно видео наводно го прикажува моментот кога руска противвоздушна ракета паѓа врз градот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 48 украински дронови во текот на ноќта, без да го прецизира вкупниот број на лансирани дронови. Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, го потврди пожарот во станбена зграда, но рече дека бил предизвикан од остатоци од украински дрон.
Од друга страна, гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, објави дека еден човек загинал откако еден стан се запалил, а четири лица, вклучувајќи и четиригодишно дете, биле повредени во Ростов на Дон и неговите предградија.

