Свет
Турските војници и сириските бунтовници влегоа во Ал Баб, сириската армија во Тадеф
Сириските бунтовници и турските бунтовници навлегле во саботата во Ал Баб, градот упориште на џихадистите од Исламската држава на северот во Сирија, додека сириската владина војска со поддршка на руската авијација го освои блиското место Тадеф, најутврдениот дел на Исламската држава на периферијата на Ал Баб, пренесуваат агенциите.
„Турските сили и сириските опозициски бунтовници влегоа во западниот дел градот каде што во моментов се водат интензивни борби“, изјавил за AFP. Рами Абделрахман, кој се претставува како директор на опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), чие седиште е во Лондон.
Турција он крајот на август 2016 година ја започна операцијата „Штитот на Еуфрат“ чијашто цел е да ги одбие силите на Исламската држава од турската граница, но воедно и да го спречи напредувањето на сириските Курди во истата област.
Џихадистите во нивното последно големо упориште во северот на Сирија – Ал Баб се наоѓа во опкружување меѓу бунтовничките и турските сили од едната страна која повеќе од два месеци водат офанзива за заземање на градот и сириската армија помогната од локалните милиции и русата авијација, која започна со својата офанзива пред две седмици.
Како што објави руското министерство за одбрана во саботата, при заземањето на стратешка позиција за напредување кон Ал Баб, населбата Тадеф, биле убиени повеќе од 650 борци на Исламската држава, два тенка, четири оклопни возила, 18 камионети со теши митралези, седум минофрлачи, како и шест ткн „џихадомобили“ односно возила кои се зајакнати со метални плочи полни со експлозиви кои служат за самоубиствени напади во непријателските позициите.
Покрај тоа, сириската армија целосно ја преземала контролата врз патот кон Рака, другото значајно упориште на Исламската држава, по кој со оружје се снабдувале џихадистите во Ал Баб.
Притоа се истакнува дека сириската владина војска при напредувањето се запрела на линијата на раздвојување кое го договорила со Турција и од неа поддржуваната опозициска Слободна сириска армија (FSA), се додава во соопштението на руското министерство.
Градот Ал Баб е цел на сириските опозициски бунтовници и турските копнени оклопни сили веќе два месеца, меѓутоа силите и сирискиот претседател Башар ал-Асад, помогнати од руската авијација, од скоро покренаа офанзива за градот чиешто освојување има симболичко значење.
И додека турските сили и нивните арапски сириски сојузници од почетокот на јануари не успеваат позначително да напредуваат северно од Ал Баб, сириската војска помогната од локалните милиции и шиитското либанско движење Хезболах, забрзано напредуваа последната седмица, во прв ред од јужните приоди кон градот.
Ал Баб е најважен за Турците на коишто овој град им е главната цел на нивната воена интервенција во Сирија под називот „Штитот на Еуфрат“. На Асад,пак, му е важно да го контролира југот од градот „за да оневозможи напредување на турските сили и да го заштити источниот дел од покраината Алепо./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

