Свет
Полицијата во Турција уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, на социјалните мрежи.
Во понеделникот вечерта повторно се одржа митинг на опозицијата на плоштадот Сарачане во близина на градското собрание, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, пренесува „РИА новости“.
Помали групи демонстранти се обидоа да одржат демонстрации и во други делови на Истанбул, соопшти агенцијата.
Политичката криза во Турција се продлабочува. Илјадници граѓани со денови протестираат на улиците на градовите во земјата поради апсењето на Екрем Имамоглу, сега веќе поранешен градоначалник на Истанбул и главен политички ривал на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Истовремено, опозициската партија на Имамоглу, Републиканската народна партија, го номинира за кандидат на изборите за претседател. Новиот претседател на државата ќе биде избран во 2028 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавена мапа: „Украина во последните денови навлегува подлабоко на руска територија“

Украина постигна значителен напредок на руска територија во последните денови, а според извештаите на Институтот за проучување на војната (ISW), украинските сили го зазедоа селото Демидовка во руската погранична област Белгород. Теренските карти ги потврдуваат овие територијални придобивки.
Извештаите за напредокот доаѓаат веднаш откако украинскиот ракетен систем со долг дострел ХИМАРС уништи четири руски хеликоптери во регионот на Белгород.
Овие наводни успеси доаѓаат додека претседателот Доналд Трамп иницира преговори за ставање крај на војната. Американскиот Стејт департмент во понеделникот објави дека Русија и Украина се блиску до целосен прекин на огнот. Киев најверојатно се обидува да ја зајакне својата преговарачка позиција додека разговорите се во тек.
Во понеделникот, руските воени блогери на Телеграм објавија дека украинските сили влегле во селото Демидовка.
„Населбата сега е под контрола на вооружените сили на Украина“, напиша воениот блогер Владимир Романов, познат како Романов Лајт на Телеграм. Тој тврдеше дека руските сили ги напуштиле своите позиции, дозволувајќи им на Украинците да ја заземат Демидовка. Овие тврдења сè уште не се независно потврдени.
Каналот на Телеграм „Рибар“, поврзан со руското Министерство за одбрана, сподели порака во која се наведува дека има различни информации за тоа кој го контролира селото, но дека украинските сили дефинитивно се присутни.
Друг воен блогер, РВ Вонекор, тврдеше дека Украина користи беспилотни летала за напад и артилерија за уништување куќи веќе една недела, што го прави речиси невозможно Русија да се одржи на својата позиција.
Ниту руските, ниту украинските власти се уште официјално не ги коментирале овие наводни територијални придобивки.
Институтот за проучување на војната (ISW), американски тинк-тенк, оцени дека украинските сили напреднале во Демидовка, повикувајќи се на геолокацирани снимки.
„Руските воени блогери признаа дека украинските сили влегле во јужниот дел на Демидовка, но негираат дека населбата целосно потпаднала под украинска контрола“, објави Институтот.
Од таму, исто така, наведуваат дека украинските сили започнале ограничени напади во северозападниот дел на Белгородската област на 18 март и оствариле мали територијални придобивки во правец на Графовка (југоисточно од Демидовка) и Прилесје (јужно од Демидовка) во изминатите шест дена.
Свет
(Видео) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас. „Одбиваме да умреме“

Стотици Палестинци протестираа вчера против Хамас и војната на најмалку три локации во Газа, релативно редок настан во Појасот, пишува Тајмс оф Израел.
Снимката објавена на социјалната мрежа Х покажува околу 100 жители на Беит Лахиа, во северниот дел на Појасот Газа, како одржуваат протести повикувајќи на крај на војната и крај на владеењето на Хамас, а некои демонстранти носеа транспаренти на кои пишува „Одбиваме да умреме“ и „Децата во Палестина сакаат да живеат“.
🚨BREAKING: Massive protest in front of the Indonesian Hospital in northern Gaza. The protest demands: “Yes to peace, no to Hamas’ tyrannical rule. Enough of the war, enough of the destruction—in Gaza.” pic.twitter.com/kV5PNMFG8C
— Ihab Hassan (@IhabHassane) March 25, 2025
Дополнително, неколку видео клипови снимија жители како извикуваат „Хамас надвор“, „Хамас терористи“, „Народот сака да го собори Хамас“ и „Да за мирот, не за војната“.
Некои од демонстрантите носеа бели знамиња.
Како што пишува „Тајмс оф Израел“, неколку часа по првиот протест, во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа се одржа уште еден протест против војната и Хамас, при што десетици демонстранти палеле гуми и скандирале „Сакаме да јадеме“.
Хамас официјално не ги коментираше протестите.
Протестите се релативно ретка појава во Газа, особено против Хамас, кој одржува цврста контрола врз Појасот откако ја собори палестинската власт од територијата пред речиси две децении, пренесува медиумот.
Свет
Кина со порака до Америка: Престанете да не гледате со хегемонистички менталитет

Министерството за надворешни работи на Кина денеска им порача на Соединетите Американски Држави да престанат да ја гледаат Кина преку сопствениот „хегемонистички менталитет“.
Одговорот на Кина доаѓа откако САД ја прогласија Кина за голема воена и ИТ закана, пренесува Ројтерс.
„САД ја шират теоријата дека Кина е закана само за да ја потиснат. Кина ги повикува САД да престанат и да ги поддржат активностите за независност на Тајван“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун.
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави дека остро го осудува и силно се спротивставува на САД да додадат кинески субјекти на црната листа за извоз.
Според портпаролот на министерството, Кина ги повикува САД да престанат да го генерализираат концептот за национална безбедност, пренесува Танјуг.