Свет
Турција и ЕУ ќе одржат средба за политички дијалог
Турција и Европската Унија ќе одржат средба за политички дијалог, соопштува турското МНР.
Во своето соопштение Министерството објави дека на дневен ред ќе се најдат прашањата за процесот за преговори со ЕУ, визната либерализација, трговијата, како и борбата против тероризам.
„Исто така, на средбата ќе се разговара и за регионални и меѓународни прашања, особено за Сирија, Ирак и Блискиот Исток“, се вели во соопштението.
За време на средбата, турската делегација ќе биде предводена од заменик-министерот за надворешни работи и амбасадор за европски прашања, Фарук Кајмакчи, додека, пак, европската делегација ќе ја предводи заменик-генералниот секретар Жан Кристиф Белиард и генералниот директор за проширување при Европската комисија, Кристијан Даниелсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси Џинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Кси Џинпинг изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа денеска станува првата европска земја каде што ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Кси во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата Србија.
Тој посочи дека, како вистински пријатели и добри партнери, Кина и Србија уживаат политичка доверба која е силна како карпа.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден
Товарен Боинг 763 принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.
Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.
Teretni avion sletio na trup na Aerodromu u Istanbulu https://t.co/7GDTFSZtkY pic.twitter.com/lUD5URlsE0
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) May 8, 2024
Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.