Свет
Украина подготвувала терористички напад со т.н. валкана бомба на руска територија
Украинското воено разузнавање планирало да изврши терористички напад во Русија користејќи валкана бомба, тврди руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува „РИА новости“.
ФСБ дошла до овие планови во текот на истрагата за обид за саботажа на аеродромот „Северни“ во регионот Иваново, каде што Главната разузнавачка управа (ГУР) на украинското Министерство за одбрана имала намера да оштети авиони со долг дострел.
„Конкретно, бил развиен план за испорака и поставување т.н. валкани бомби опремени со тајмери за одложување за истовремено да се нанесе штета и да се направи областа несоодветна за живеење“, велат од ФСБ.
За таа цел, шефот на украинскиот ГУР, Кирил Буданов, создал единица со лесномоторни авиони, која требало да ги снабдува диверзантските и разузнавачките групи во Русија со оружје, како и да ја напаѓа инфраструктурата за гориво и енергија. Координацијата на употребата на лесни авиони ѝ била доверена на воената единица бр. 3449, со кодно име „Легија“, што е дел од ГУР.
„Од почетокот на годината оваа единица планирала и извела пет лета во Русија, при што била оштетена инфраструктура за гориво и енергија во регионите на Русија што граничат со Украина“, додава ФСБ.
Како резултат на специјалните операции, руските безбедносни служби привеле двајца пилоти, кои признале. Еден од нив, по име Шимански, рекол дека раководството на украинското разузнавање разговарало за можноста за пренесување мали преносни нуклеарни полнења во Русија.
Вториот, Александар Морозов, признал дека неговата задача била бомбардирање во областа Бријанск, а целта била складиште за гориво и мазива. Неговиот авион бил оштетен, а тој бил заробен кога принудно слетал.
Валкана бомба е контејнер со радиоактивни изотопи и експлозивно полнење. Кога ќе се активира, контејнерот се уништува, а радиоактивното полнење се распрскува со ударен бран загадувајќи голема површина.
На крајот на октомври минатата година веродостојни извори од разни земји, вклучително и од Украина, објавија дека властите во Киев подготвуваат провокација на сопствена територија поврзана со детонација на валкана бомба или нуклеарно оружје со слаба моќност.
За слични намери предупредуваше и руското Министерство за одбрана, а според нив, целта на провокацијата била да се обвини Русија за употреба на оружје за масовно уништување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

