Европа
Украина призна: Не напредуваме многу брзо
Украина денеска призна дека нејзините војници не напредуваат многу брзо во контраофанзивата на истокот и југот на земјата. Шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, изјави за новинарите дека имале тешки битки, но дека западните сојузници не вршат притисок врз Киев да напредува побрзо.
„Сега не се движиме толку брзо. Ако видиме дека нешто не е во ред, ќе го кажеме тоа. Нема да ја правиме поубава целата работа. Нема притисок, само прашање: Како можеме понатаму да ви помогнеме? Јасно е дека нашите успеси на бојното поле влијаат на сè што се случува“, рече Јермак, а пренесе АФП.
„Киев нема да преговара со Русија додека не ги повлече своите трупи од Украина. Ќе почнеме да размислуваме за преговори дури откако руските сили ќе ја напуштат нашата територија“, додаде тој.
„Целиот свет знае дека е невозможно да се изврши притисок врз Украина“, додава Јермак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ги убил двајцата внуци, па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија
Трагедија се случи во мал шпански град кога пензионер ги уби своите двајца внуци на возраст од 10 и 13 години пред да се самоубие – два месеца откако сопруга и ќерката му загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.
Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.
Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во разни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.
Едното дете е убиено со огнено оружје, а другото се удавило.
Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, а другото се верува дека се удавило.
Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.
Неговата сопруга и ќерката, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот кога беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција „Тасс“ цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсегот“, ја цитира „Тасс“ изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од речиси 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.