Европа
Украина со одговор на Лавров: Москва сака да го оттргне вниманието од настаните во Буча

Членот на украинскиот преговарачки тим, Михаил Подољак, одговори на критиките на рускиот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој претходно денеска изјави дека Киев отстапил од одредбите утврдени на средбата во Истанбул.
Подољак ги отфрли тврдењата на Лавров дека Киев му доставил нацрт-мировен договор, кој отстапува од предлозите за кои претходно се договориле двете страни.
Во писмена изјава за „Ројтерс“, Подољак рече дека Лавров не бил директно вклучен во преговорите и дека неговите изјави се од чисто пропагандно значење.
Тој рече дека Москва сака да го оттргне вниманието од настаните во Буча, каде што, според Украина, руските војници извршиле воено злосторство и убиле цивили, пренесуваат медиумите во светот.
„Така треба да се гледа на секоја ваква изјава“, изјавил Подољак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германскиот министер за одбрана: Ова е катастрофа

НА предвремените парламентарни избори одржани на 23 февруари 2025 година, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) освоија 29 отсто од гласовите, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) постигна историски успех со 19,5 отсто од гласовите. Социјалдемократската партија на Германија (СПД) го доживеа својот најлош резултат во својата историја, освојувајќи само 16 отсто од гласовите.
Германскиот министер за одбрана и член на СПД Борис Писториус го опиша изборниот резултат на неговата партија како „катастрофален“. Во интервју за АРД, Писториус изјави: „Ова е катастрофален, катастрофален резултат“. Тој ја истакна потребата од единство во партијата за надминување на оваа криза.
Актуелниот канцелар Олаф Шолц го призна поразот на СПД на изборите. Обраќајќи им се на партиските членови во Берлин, Шолц рече: „Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија, а во исто време и изборен пораз“. Тој повика на борба за демократија и единство во партијата за надминување на предизвиците што претстојат.
Европа
Вонреден самит на ЕУ за Украина свикан за 6 март

Европската унија свика вонреден самит за Украина и европската безбедност за 6 март, објави денеска претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.
„Одлучив да свикам посебен Европски совет на 6 март“, објави Коста на социјалната мрежа Икс.
I have decided to convene a special European Council on 6 March.
We are living a defining moment for Ukraine and European security.
In my consultations with European leaders, I’ve heard a shared commitment to meet those challenges at EU level: strengthening European Defence…
— António Costa (@eucopresident) February 23, 2025
„Живееме во одлучувачки момент за Украина и европската безбедност“, нагласи тој, додавајќи дека во неговите консултации со европските лидери слушнал „заедничка посветеност“ за соочување со овие предизвици на ниво на ЕУ. Притоа го наведе „зајакнувањето на европската одбрана и одлучувачкиот придонес за мирот на нашиот континент и долгорочната безбедност на Украина“.
Тој исто така нагласи дека ќе продолжи да работи заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и сите земји-членки за да бидат подготвени да донесат одлуки на 6 март.
Европа
Шолц го призна поразот: Ова е горчлив изборен резултат

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора политичка сила, според првите излезни анкети.
На трето место е Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 16 отсто, што е најслаб резултат во повоената историја на партијата.
Олаф Шолц им се обрати на своите сопартијци во Берлин додека се обидуваат да ги обработат овие резултати.
„Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија, а во исто време и изборен пораз“, рече тој.
„Мислам дека можеме да бидеме горди на фактот што соработувавме толку тесно заедно во тешки времиња“.