Свет
Украинците објавија фотографија од заробени руски војници – добредојдовте во пеколот
Украинските вооружени сили објавиле фотографија на „Фејсбук“ од заробени руски војници.
Заедно со фотографијата од тројцата војници напишаа и кратка порака.
„А овие кутри дивјаци ќе ни покажат како да живееме на нашата од Бога дадена земја? Немаат поим со кого стапиле во контакт. Добредојдовте во пеколот“, напиша копнената војска на Украина на „Фејсбук“.
Да потсетиме, денеска немаше поголеми конфликти меѓу руската и украинската армија.
Утрово беше објавено дека се отворени хуманитарни коридори од неколку украински градови опколени од руската армија, а почна и третата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин положи заклетва и ја презеде должноста претседател на Русија во нов мандат
Рускиот лидер Владимир Путин денеска на свечената инаугурација во Големата палата Кремљ положи заклетва и официјално стана претседател на Русија.
Тој ќе остане на функцијата во следните шест години, до 2030 година, пренесува РИА Новости.
На инаугурацијата присуствуваа сенатори, заменици на државата Дума, судии од Уставниот суд, гувернери, членови на владата, претставници на традиционални верски заедници, странски амбасадори и други гости.
Руските производители на автомобили за оваа прилика специјално го адаптираа претседателскиот автомобил „Аурус Сенат“, а на пат кон палатата Големиот Кремљ, претседателската лимузина беше придружувана од нови електрични мотоцикли „Аурус“.
Според Уставот на Русија, владата му ги предава овластувањата на идниот претседател, а министрите ќе продолжат да работат во технички мандат до формирање на нов кабинет.
Премиерот ќе го именува претседателот откако Државната Дума ќе ја одобри кандидатурата во рок од две недели.
Новиот премиер ќе го изнесе својот став за структурата на извршната власт, а потоа на Државната дума ќе и предложи кандидати за вицепремиери и министри, освен шефовите на безбедносниот сектор и на Министерството за надворешни работи.
Шефовите на Министерството за одбрана, ФСБ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за вонредни ситуации и Министерството за надворешни работи ги именува претседателот на Русија по консултација со Советот на Федерацијата.
Путин првпат стана претседател на Русија во 2000 година, а во 2004 година беше реизбран за нов мандат.
Тој не учествуваше на изборите во 2008 година, бидејќи Уставот не му дозволуваше да се кандидира повеќе од два последователни мандати.
Откако ја поддржа кандидатурата на Дмитриј Медведев, Путин ја презеде функцијата премиер во мај 2008 година.
Во исто време беа направени измени на Уставот, според кои претседателот не се избира на четири, туку на шест години.
Путин повторно стана шеф на државата во 2012 година, а потоа беше реизбран во 2018 година.
Тој доби право да учествува на изборите во 2024 година по усвојувањето на измените на Уставот во 2020 година.
На претседателските избори во Русија одржани од 15 до 17 март, Путин освои 87,28 отсто од гласовите, пренесува Танјуг.
Свет
Американците се подготвуваат за втора граѓанска војна: 41 отсто веруваат дека таа ќе избие во следните пет години
Последното истражување на компанијата „Расмусен рипортс“ откри дека дури 41 отсто од Американците веруваат дека во следните пет години во САД ќе избие втора граѓанска војна, меѓу кои и 16 отсто кои сметаат дека таквото сценарио е многу веројатно.
49 отсто од нив не сметаат дека е веројатна нова граѓанска војна до 2029 година, вклучително и 20 отсто кои велат дека воопшто не е веројатна. Уште 10 отсто од испитаниците не се сигурни.
„Можноста дека Америка наскоро ќе се соочи со уште една граѓанска војна не е премногу веројатна за многу гласачи“, велат анкетарите во истражувањето.
Со протести на американските универзитети и повици за „социјална реконструкција на Америка“, но и со знаење дека демократските донатори ги финансираат овие протести, во САД преовладува впечатокот дека „радикалната левица“ ја уништува земјата на контролиран начин, па резултатите од анкетата не се изненадувачки, пренесува „RT Balkan“.
Европа
Бебе почина по операција на крајниците: имало интервенција пред само една недела, се истражува причината за смртта
Седуммесечно бебе од Милано било пронајдено починато во креветчето само една недела по тонзилектомија.
Италијанската полиција веднаш почна да утврдува дали операцијата на крајниците, на која бебето било подложено непосредно пред смртта, има врска со смртоносниот исход.
Родителите на 6 мај го пронашле бебето во неговото креветче и веднаш повикале помош, но веќе било доцна.
Медицинскиот персоналнал направил се, за да го реанимира бебето, дури го пренеле во најблиската болница Форнароли во Магента, но не можеле ништо да направат за да го спасат детето.
Момчето починало во истата болница каде што било оперирано пред една недела, а обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за неговата смрт, пренесуваат локалните медиуми.