Свет
УНХЦР: Европските пристаништа веднаш да ги примат бродовите со мигранти

Eвропските влади итно да дозволат влез за повеќе од 500 лица, спасени на Медитеранот, чии спасувачки бродови останаа блокирани на море, откако европските земји одбија да ги прифатат во некое од своите пристаништа, порача Агенцијата за бегалци при ОН (УНХЦР).
Специјалниот пратеник на УНХЦР, Винсент Кошетел, денеска изјави дека ова е „трка со времето“, појаснувајќи дека доаѓаат бури и временските услови само ќе се влошуваат.
УНХЦР тврди дека речиси 600 луѓе загинале или исчезнале во водите меѓу Италија и Либија оваа година.
Повеќе од 500 спасени мигранти на Медитеранот се наоѓаат на два брода на невладини организации, додека Италија и Малта и натаму одбиваат да ги примат во некое свое пристаниште.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини повтори дека не планира да овозможи на бродовите со мигранти да влезат во италијанските пристаништа. И Шпанија денеска го одби барањето да прими 31 малолетен мигрант од бродот „Опен Армс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.
Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.
„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“.
Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.
Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.
Свет
Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.
Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време.
Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот.
Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот.
Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон.
Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.