Свет
Уште еден напад: чуварот на француската амбасада прободен со нож во Саудиска Арабија

Еден маж е уапсен во Џеда, Саудиска Арабија, кога избол стражар во францускиот конзулат, објавија државните медиуми.
Според „Скај њуз Арабија“, чуварот бил повреден со остар предмет. Тој е хоспитализиран и неговиот живот не е во опасност, објави француската амбасада.
— La France en Arabie (@FranceinKSA) October 29, 2020
Осомничениот напаѓач е саудиски државјанин и полицијата го уапсила, додаваат од амбасадата.
„Напаѓачот беше уапсен од саудиските безбедносни сили веднаш по нападот. Чуварот беше пренесен во болница и неговиот живот не е во опасност“, се вели во соопштението на амбасадата.
Инаку, ова е трет напад врз Франција од утрово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Испраќањето мировни сили во Украина дополнително ќе ја ескалира војната

Во Русија, портпаролката на Министерството за надворешни работи предупреди дека испраќањето европски мировен контингент во Украина и евентуалниот едномесечен прекин на огнот само дополнително ќе ја ескалира војната.
„Конфликтот неизбежно ќе избие повторно со обновена сила… Ова е апсолутно неприфатливо“, рече Марија Захарова.
Додаде дека идејата за европските мировни сили во Украина покажува дека европските лидери не научиле ништо од минатото.
Захарова, исто така, тврди дека секоја европска мировна мисија, доколку се спроведе, само ќе ја продолжи „агонијата“ на режимот во Киев.
Свет
Судот: „Бионтек“ и „Фајзер“ го украдоа патентот на „Модерна“ кога ја развиваа вакцината против Ковидот

Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“ незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на „Модерна“ во развојот на вакцината против Ковидот и мора да ѝ платат компензација, одлучи германскиот суд.
„Бионтек“ и „Фајзер“ ги прекршиле патентните права на „Модерна“ при развивањето на вакцината против Ковид-19, пресуди судот во Диселдорф и мора да ѝ платат соодветна компензација.
Пресудата вклучува и барање „Бионтек“ и „Фајзер“ да дадат информации за профитот од користењето на патентот.
„’Модерна’ со седиште во САД поднесе барања за информации и отштета поради прекршување на нејзините патентни права во развојот на вакцината против Ковид-19. Регионалниот суд во Диселдорф пресуди во корист на ‘Модерна’“, рече портпаролката.
Обвинетите компании тврдеа дека „Модерна“ ја одобрила употребата на патентот во соопштение за печатот во октомври 2020 година. Дозволата, тврдат тие, важела до 5 мај 2023 година кога Светската здравствена организација (СЗО) објавила дека коронавирусот повеќе не е закана за јавното здравје.
Судот, сепак, утврди дека „Модерна“ ја повлекла лиценцата во соопштението за печатот објавено на 7 март 2022 година. Затоа, според судот, германски „Бионтек“ и американски „Фајзер“ ќе треба да плаќаат за користење на патентот 14 месеци по одземањето на лиценцата, а не само од мај 2023 година.
Германскиот суд допрва треба да ја одреди висината на обесштетувањето на „Модерна“. „Фајзер“ и „Бионтек“ имаат право на жалба.
Свет
(Видео) Орбан: Европа мора да ја зајакне одбраната, но моќта треба да остане во рацете на земјите членки, а не кај Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалните мрежи објави дека неговите состаноци во Франција потврдиле дека иако постојат разни мислења за тоа како да се постигне мир, постои согласност за потребата од зајакнување на одбранбените способности на европските земји.
„Овие напори треба да ги зајакнат земјите членки, а не бирократите во Брисел“, нагласи Орбан.
Тој ја истакна исклучително блиската соработка со Франција и изрази очекување француските компании да бидат значајни инвеститори во Унгарија.
Во објавата тој сподели и фотографија со Марин Ле Пен со порака: „По средбата со поранешниот и сегашниот претседател на Франција, ми беше задоволство да се сретнам со идниот претседател. Ви благодариме за инспиративната дискусија, @MLP_officiel!“
My meetings in France confirmed that while we may disagree on the modalities of peace, we do agree that we must strengthen the defence capabilities of European nations, & these efforts should empower member states rather than Brussels bureaucrats. pic.twitter.com/FDdZTuOnb8
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) March 6, 2025