Свет
Уште една жена го обвини Џо Бајден за непримерно допирање, го триел неговиот од нејзиниот нос
Уште една жена го обвини поранешниот американски потпретседател Џо Бајден за непримерно допирање, токму во време кога размислува да се кандидира на претстојните претседателски избори.
Ејми Лапос (43) за весникот „Хартфорд Курант“ изјавила дека Бајден го триел неговиот нос од нејзиниот за време на хуманитарна акција во 2009 година во градот Гринвич.
„Не беше сексуално, ама ме зграби за главата. Ги стави рацете околу мојот врат и ме повлече близу до него за да ги триеме носевите. Кога ме повлече, помислив дека ќе ме бакне во уста“, рекла Лапос.
Лапос, која тогаш била асистентка на конгресменот Џим Хинес, рекла дека не го пријавила Бајден претходно зошто бил потпретседател, а таа не била ништо.
„Постои граница на пристојност. Постои граница на почитување. Тоа не е културно. Тоа е сексизам или омраза кон жените“, додала Лапос.
Нејзиното обвинение следи три дена откако Луси Флорес, поранешна членка на општина во Невада, рекла дека Бајден ја бакнал во вратот на настан за време на кампања во 2014 година. Бајден одговорил дека не верува дека некогаш се однесувал непристојно.
„Во многу години јавен живот и кампањи сум понудил неброени ракувања, прегратки, изрази на внимание, поддршка и утеха. И ниту еднаш, никогаш, верувам, не сум се однесувал непримерно“, рекол Бајден.
76-годишниот ветеран, кој беше осум години потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама и 36 години во американскиот Сенат, сè уште не најавил дали ќе се кандидира во редовите на демократите на претстојните претседателски избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж со метална вилушка нападнал тинејџери а потоа удрил патник на лет за Германија: авионот принудно слетал
Драма во авион со лет од Чикаго за Германија откако патник нападнал двајца тинејџери со метална вилушка, принудувајќи го авионот да биде пренасочен кон Бостон, соопштија американските власти, објави NBC News.
Напаѓачот, идентификуван како 28-годишниот Пранит Кумар Усирипали, бил уапсен веднаш штом авионот слетал на меѓународниот аеродром Логан во Бостон.
Канцеларијата на државниот обвинител на Масачусетс го обвини за кривично дело напад со смртоносно оружје со намера да предизвика телесни повреди. Засега не е познато дали Усирипали има адвокат кој ќе го застапува, а авиокомпанијата сè уште не го коментирала инцидентот.
Детали за нападот врз авионот
Според федералните обвинители, инцидентот се случил во саботата откако бил послужен оброк. 17-годишен патник, кој спиел на средното седиште, се разбудил и го нашол Усирипали како стои над него со вилушка. Усирипали се нафрлил врз тинејџерот, удирајќи го во левата клучна коска, а потоа прободел друг 17-годишник во задниот дел од главата, соопштија официјални лица. Другиот млад човек претрпел посекотина.
Кога екипажот на авионот се обидел да го врзе, Усирипали направил пиштол со прстите, го ставил во уста и се преправал дека го повлекол чкрапалото. Обвинителите велат дека потоа тој удрил шлаканица на патничка и се обидел да удри член на екипажот.
Истрагата утврдила дека Усирипали е индиски државјанин кој претходно бил во САД со студентска виза и бил запишан на магистерска програма по библиски студии. Според Канцеларијата на американскиот обвинител, Усирипали моментално не е со легален престој во САД, пренесуваат медиумите.
Фото: принтскрин
Свет
Лавров: Русија е подготвена да даде гаранции за ненапаѓање на земјите членки на НАТО и ЕУ
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е подготвена да им даде на земјите членки на НАТО и Европската унија гаранции за ненапаѓање, нагласувајќи дека Русија нема намера да нападне ниту една од нив.
„Повеќепати сме порачале дека немаме намера да нападнеме ниту една сегашна членка на НАТО или ЕУ,“ рече Лавров на Евроазискиот безбедносен форум во Минск, додавајќи дека овој став може да биде дел од идните безбедносни гаранции за регионот.
Тој ги повтори критиките кон западните земји, обвинувајќи ги дека одбиваат вистински колективни безбедносни договори со Русија.
Лавров оцени дека дијалогот со лидерите на ЕУ е невозможен, бидејќи тие не прифаќаат заеднички безбедносни гаранции „со Русија, туку само против Русија“.
Свет
(Видео) Американските сили убиле 14 лица во напад на бродови со дрога во Пацификот
Американските сили убиле 14 лица во напади на четири пловила во Пацификот за кои се сомнева дека превезувале дрога, потврди американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Едно лице преживеало и било спасено од мексиканските служби.
Според Би-Би-Си, нападите во источниот Пацифик се извршени во понеделник по наредба на претседателот Доналд Трамп и претставуваат ескалација во акциите против трговците со дрога.
U.S. Secretary of Defense Pete Hegseth has announced that yesterday, October 27, 2025, at the direction of President Donald J. Trump, the United States Armed Forces carried out a series of strikes against four vessels alleged to be trafficking drugs in the Eastern Pacific. As a… pic.twitter.com/P9HPfXE6UD
— OSINTdefender (@sentdefender) October 28, 2025
Хегсет изјави дека четирите бродови биле познати на разузнавачките служби и се движеле по познати рути на шверц со дрога, нарекувајќи ги убиените „нарко-терористи“.

