Свет
Фаучи: Од почетокот на годинава работам нонстоп по 18 часа дневно
Директорот на aмериканскиот Национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, денеска изјави дека работи 18 часа на ден, седум дена во неделата.
„Немам ниту еден слободен ден од средината на јануари годинава“, изјави Фаучи за Си-ен-ен.
Фаучи денес го слави својот 80-ти роденден, но вели дека ќе ја прекине традицијата и дека нема да го помине со своите три ќерки.
„Дефинитивно, се чувствувам тажно“, рече Фаучи.
„Ова е прв Божик и роденден што нема да ги поминам со моите ќерки откако се родени“, потенцира тој.
Да се надеваме дека следната година, во ова време, ќе имаме прослава со многу прегратки, што не можеме да го направиме во моментот, додаде Фаучи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

