Свет
Фаучи: Се чувствував непријатно кога одев во Белата куќа

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, откри дека се чувствувал непријатно кога одел во Белата куќа. Тој зборуваше за моментот кога кон крајот на минатата година, многу луѓе во резиденцијата на американскиот претседател биле заразени од коронавирус.
Фаучи, кој има 80 години, во интервју за порталот „Аксиос“ изјави дека бил свесен оти има голем ризик од сериозен исход доколку се зарази.
„Не се фокусирав на тоа, но тоа беше во мојата потсвест затоа што морав секој ден да одам во Белата куќа, која беше место на големо ширење на вирусот. Затоа се чувствував малку непријатно“, изјави Фаучи, пренесува „Гардијан“.
Минатиот октомври тогашниот американски претседател Доналд Трамп беше заразен осд коронавирусот по церемонијата во Роуз Гарден, на која ја претстави Ејми Кони Барет за свој кандидат за судија на Врховниот суд. На настанот беа присутни многу луѓе, од кои многумина не носеа маски. Најмалку седум лица што присуствуваа беа тестирани на коронавирусот, вклучувајќи ги Трамп, неговата поранешна советничка Келиен Конвеј и двајца републикански сенатори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).