Свет
Филмски грабеж во Италија: Со багери отворија блиндирано возило кое пренесувало пензии
На автопат во јужна Италија се случи грабеж, а украдени се над 2 милиони евра, објави Ројтерс. Грабежот се случил вчера, а крадците користеле багери за да отворат блиндирано возило во кое се наоѓале парите.
Bari commando armato rapina furgone portavalori. Il mezzo è stato bloccato e scardinato con una ruspa. Bottino due milioni di euro. I rapinatori sono in fuga. Tra poco al #Tg3 pic.twitter.com/ysCtDuzLCg
— Tg3 (@Tg3web) 2 January 2019
Синото комбе го напуштило градот Бари, а пренесувал пензии кои требало да бидат достевни во местото Матера, но патот му го попречиле два камиони.
#Bari, spettacolare rapina ad un furgone portavalori sulla statale 96 barese. La banda ha bloccato la strada con 2 camion dati alle fiamme e poi ha sventrato il mezzo con una ruspa. E' caccia ai rapinatori. Al #Tg2rai ore 20,30 pic.twitter.com/1m2ANjp4aY
— Tg2 (@tg2rai) 2 January 2019
Крадците со багерите го отвориле возилото во кое се наоѓале парите, а камионите ги запалиле. Нив ги чекало подготвено возило со кое побегнале од местото на инцидентот. Иако биле вооружени, ниту еден од тројцата чувари не е повреден.
Според информациите, багерите на никого не му биле сомнителни, со оглед дека во близина се вршеле градежни работи. Како што пренесуваат медиумите, во грабежот учествувале четири или пет лица кои се во бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

