Контакт

Свет

Финска во рок од неколку недели ќе одлучи дали ќе поднесе барање за влез во НАТО

Објавено пред

Финска ќе одлучи дали ќе поднесе барање за влез во НАТО во следните неколку недели, рече премиерката Сана Мартин.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на заедничката прес-конференција со својот шведски колега, Мартин им рече на новинарите: „Треба многу внимателно да ги анализираме сите аргументи ‘за’ и ‘против’ аплицирањето за членство. Но, мислам дека ќе одлучиме за тоа многу бргу, за неколку недели“, додаде таа.

Свет

Папа Лав: Ова е момент за дијалог и градење мостови

Објавено пред

Новоизбраниот папа Лав XIV изјави денес, за време на состанокот со претставници на други конфесии и цркви, дека ова е момент за дијалог и градење мостови, објавија италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Убеден сум дека, ако се согласиме и се ослободиме од идеолошките и политичките условувања, можеме да кажеме „не“ на војната и трката во вооружување и „да“ на мирот и разоружувањето“, истакна папата, додавајќи дека во исто време можеме да ја отфрлиме економијата што ги осиромашува луѓето и планетата Земја и да прифатиме интегрален развој, објави агенцијата Анса.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден по објавувањето дека има неизлечив рак: „Најсилни сме кога сме скршени“

Објавено пред

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простатата, која се проширила и на неговите коски, соопшти вчера неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

„Минатата недела поранешниот претседател Џо Бајден беше прегледан поради јазол на простатата кога забележа зголемени уринарни симптоми. Во петокот му беше дијагностициран рак на простатата со (највисок степен, група 5) со коскени метастази“, се вели во соопштението додавајќи: „Иако станува збор за поагресивна форма на болеста, ракот е чувствителен на хормонска терапија, што овозможува ефикасен третман“, пренесуваат медиумите во регионот.

Бајден (82) и неговото семејство „моментно ги разгледуваат опциите за лекување со своите лекари“, се вели во соопштението. Оваа вест доаѓа неколку дена откога портпаролот на Бајден изјави дека поранешниот претседател е на преглед поради мал јазол откриен на простатата.

Џо Бајден денес проговори првпат по појавувањето на веста дека боледува од рак.

Тој објави фотографија на X со сопругата Џил и нивната мачка. „Ракот нè допира сите. Како и многумина од вас, Џил и јас научивме дека сме најсилни кога сме скршени. Вашите љубов и поддршка нè подигнаа. Ви благодариме“, напиша Бајден.

Прикажи повеќе...

Регион

Ѓукановиќ: Се плашам, ситуацијата на Балканот е многу полоша отколку пред десет години

Објавено пред

Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ оцени во Сараево дека ситуацијата на Западен Балкан денес е полоша отколку што беше пред десет години и ја опиша европската перспектива на регионот како заматена, особено предупредувајќи на опасноста од влијанието на големосрпскиот национализам.

dobivaj vesti na viber

Ѓукановиќ беше гостин предавач на Факултетот за политички науки во Сараево (FPN), каде што им изјави на новинарите дека одговорноста за слабеењето на европските процеси и влијанието во регионот е на Европската Унија, како и на земјите од Западен Балкан.

Во врска со ЕУ, тој рече дека му се чини оти во неа нема доволно решителност за продолжување на процесот на обединување на европскиот континент, а потенцијалните членки го носат својот дел од одговорноста бидејќи бавно ги спроведуваат реформите што се бараат од нив. Сè беше комплицирано од влошувањето на геополитичките односи, вели Ѓукановиќ.

„Долго време имавме привилегија да имаме стабилни геополитички односи уште од крајот на Студената војна, а сега сме сведоци на раѓањето нов геополитички поредок со многу контроверзии. Се плашам дека ова ќе има многу негативни рефлексии врз регионот на Западен Балкан“, рече поранешниот црногорски лидер, кој, по долгогодишно управување со земјата, мораше да се повлече од власта во 2023 година кога беше поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ.

Ѓукановиќ во Сараево изјави дека застојот во процесот на европската интеграција предизвикал и влошување на односите меѓу земјите од регионот и посочува дека национализмот што го промовира Белград игра важна улога во тоа.

„Кога немаме добра динамика на европскиот пат, тогаш се појавуваат национализми што ги уништуваат добрососедските односи. Црна Гора е повеќе од кога било погодена од влијанијата на големосрпскиот национализам и поради ова, добрососедските односи, вклучително и односите со БиХ и Хрватска, се влошија. Се надевам дека ова нема да има никакви сериозни и долгорочни последици“, рече Ѓукановиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа

Два месеца по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има...

Македонија2 часа

Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на...

Македонија4 часа

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на...

Македонија4 часа

Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни

Полицијата три недели трага по лицата што ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во...

Топ5 часа

Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св. Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон...

Македонија6 часа

Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста...

Македонија8 часа

„Влен“: Оставката на пратеникот Салим Сулејмани го остава Таравари сам во скутот на Ахмети

„Постапките на Арбен Таравари не ги осудува само субјектот ВЛЕН, како негов поранешен коалициски партнер, туку и неговите најблиски луѓе....

Свет8 часа

Трамп: Меланија и јас сме тажни поради веста за дијагнозата на Бајден

Трамп продолжи да го критикува Бајден дури и по неговото повлекување од претседателската кандидатура во 2024 година, повторувајќи ги обвинувањата...

Европа8 часа

Романците го слават новиот претседател: „Русијо, не заборавај, Романија не е твоја“

Центристичкиот градоначалник на Букурешт во Романија, Никусор Дан, вчера на претседателските избори го победи својот ултрадесничарски, националистички ривал, кој сакаше...

Свет9 часа

Бајден има неизлечив рак на простатата: син му почина од тумор на мозокот на 46-годишна возраст

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите...

Европа10 часа

Британската влада: Преговорите со ЕУ влегуваат во завршна фаза

Разговорите за договор меѓу Велика Британија и ЕУ продолжија во текот на ноќта, додека премиерот Кир Стармер се подготвува да...

Свет20 часа

Киев: Русија вечерва ќе тестира моќна ракета, нејзиниот дострел е повеќе од 10.000 км

Русија има намера да изврши тест лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета RS-24 од комплексот „Јарс“ во ноќта меѓу 18 и...

Македонија21 час

СДСМ: Владата на Мицкоски направи хаос и задолжи три генерации

Опозициската СДСМ денеска со реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговото признание за слабостите на Владата доаѓа...

Свет22 часа

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во Ватикан за првпат по нивната расправија во Белата...

Свет1 ден

Путин: Ќе ставиме крај на војната под наши услови

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека крајната цел на специјалната воена операција во Украина е воспоставување на долгорочен и одржлив...

Македонија1 ден

Мицкоски најави чистка по конгресот: Ќе останат само оние што работат за граѓаните

По одржувањето на редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, или најдоцна на почетокот на 2026 година, ќе следува голема...

Свет1 ден

Папата Лав XIV: Ќе работам на единството, Црквата да биде симбол на мирот во светот

На инаугуративната миса одржана денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, новоизбраниот папа Лав XIV вети дека ќе се залага...

Македонија1 ден

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците,...

Свет1 ден

(Видео) Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Во продолжениот ноќен напад со руски беспилотни летала загина жена во регионот на главниот град Киев и беа повредени најмалку...