Свет
Флотата на руската морнарица пристигна во Куба
Руската фрегата „Адмирал Горшков“ и подморницата „Казан“ на нуклеарен погон пристигнаа на Куба во петдневна посета што Москва ја гледа како демонстрација на сила во услови на зголемени тензии поради инвазијата на Украина.
Љубопитни посматрачи, рибари и полиција се собраа по должината на крајбрежниот булевар во Хавана за да ја поздрават флотата кога таа влезе во пристаништето на градот во средата.
Куба, долгогодишен сојузник на Русија, го поздрави доаѓањето на бродовите со 21 вод.
Четири руски брода изведоа обука за високопрецизно ракетно оружје во Атлантскиот Океан додека беа на пат кон Куба. Подморницата и фрегатата се опремени со хиперсонични ракети „Циркон“, крстосувачки ракети „Калибр“ и противбродски ракети „Оникс“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Невообичаеното распоредување на руската морнарица толку блиску до Соединетите Американски Држави доаѓа откако Вашингтон и некои западни сојузници на Украина му дозволија на Киев да го користи нивното оружје на цели во Русија поради обновениот руски напад врз Харков и недостигот од борбени трупи и муниција, пренесуваат медиумите во светот.
Хавана се наоѓа на 160 километри од Ки Вест во јужната држава Флорида, каде што САД имаат воздухопловна база.
„Воените бродови се потсетник за Вашингтон дека е непријатно кога противникот се меша во вашата близина“, изјави за Асошиетед прес“, Бенџамин Гедан, директор на програмата за Латинска Америка на тинк-тенкот „Вилсон центар“ со седиште во Вашингтон мислејќи на мешањето на Западот во Руската војна во Украина.
„Тоа исто така ги потсетува руските пријатели во регионот, вклучувајќи ги и американските непријатели Куба и Венецуела, дека Москва е на нивна страна“, рече тој.
Куба минатата недела рече дека посетата е стандардна практика за поморските бродови од пријателските земји и дека флотата не носи нуклеарно оружје.
САД, кои го следеа движењето на бродовите, исто така го намалија значењето на распоредувањето.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во средата изјави за новинарите дека ваквите поморски вежби се рутински.
„Сме виделе вакви работи и порано и очекуваме да ги видиме повторно, така што нема да црпам посебни мотиви од тоа“, рече Саливан.
Тој додаде дека нема докази дека Русија префрлила ракети на Куба, но САД ќе останат будни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

