Свет
Франција и Италија влегуваат во новата година со рекорден број новозаразени
Франција и Италија влегуваат во новата 2022 година со рекорден број нови случаи на коронавирус, при што многу настани се откажани поради брзото ширење на омикрон.
Франција во петокот пријави 232.200 нови случаи на Ковид-19, апсолутен рекорд од почетокот на пандемијата.
Новиот број на заразени за 24 часа е поголем од 200.000 трет ден по ред.
Париз, како и многу други престолнини, мораше да се помири со фактот дека оваа година нема да има традиционални прослави. Огнометот над Триумфалната капија во Париз е откажан.
Италија исто така објави рекорден број нови случаи со повеќе од 144.000 случаи, соопшти во петокот Министерството за здравство.
Според официјалните податоци, 155 лица починале како последица на инфекција со коронавирус.
До средината на декември дневните бројки се движеа под триесет илјади, но почнаа да растат за време на празничната сезона.
Владата одлучи да воведе нови мерки поради ширењето на вирусот.
Од 10 јануари во хотели, конференциски центри, јавен превоз и во ски-лифтови ќе може да влезат само оние што биле вакцинирани или оздравени од Ковид-19.
Пред една година Италија беше под карантин иако имаше помалку нови заболени дневно отколку сега.
Од друга страна, бројот на луѓе што умираат во тоа време достигна 500 на ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

