Свет
Франција со национален план за намалување на убиствата на жени
Под невиден притисок на јавноста, француската влада денеска вети дека ќе одземe огнено оружје од сопружници кои злоупотребуваатт свои сопруги и дека подобро ќе ја обучи полицијата во рамки на широк национален план за намалување на бројот на жени убиени од свои партнери.
Франција има една од највисоките стапки на семејно насилство во Европа и за претседателот Емануел Макрон тоа е „срам за Франција“, пренесе АП.
Премиерот Едуард Филип денеска откри десетици мерки за решавање на проблемот вклучително и електронски нараквици за насилници и 1.000 нови места во прифатилишта за жени жртви на насилство.
Годинава во Франција беа убиени 137 жени – убиени од свои партнери или поранешни партнери. Франција е една од државите во Европа со највисоко ниво на такви злосторства. Владата следната година ќе издвои 360 милиони евра за спроведување нови мерки за кои Филип рече дека се надева дека ќе послужат како „електрошок“ за француското општество.
Вчера дестици илјади лица излегоа на улиците во Париз за да го осудат насилството врз жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

