Свет
Франција ќе изврши набљудувачки лет над Русија според договорот за отворено небо
Француските набудувачи ќе извршат лет над Русија според договорот за отворено небо, изјави шефот на рускиот Национален центар за намалување на нуклеарниот ризик, Сергеј Рижков, пренесува весникот „Краснаја звезда“.
„На 9-13 ноември Франција ќе изврши набудувачки лет над територијата на Русија како дел од спроведувањето на договорот за отворено небо со авион ‘антонов ан-30’ од аеродромот во Кубинка“, рече Рижков.
Според него, за време на летот руски специјалисти во „ан-30“ ќе се погрижат за строго почитување на договорените параметри на летот и користење опрема за набљудување утврдена со договорот.
„Антонов Ан-30“ е авион кој не е дизајниран за употреба на какви било видови оружје.
„Авионот и опремата за надзор инсталирани на него (камери за воздушно снимање) беа подложени на меѓународно испитување, во кое беа вклучени и руски специјалисти и ова исклучува употреба на технички средства што не се предвидени со договорот“, објасни Рижков.
Набљудувачките летови промовираат поголема отвореност и транспарентност во воената активност на земјите членки на договорот. Главните цели на отвореното небо се градење транспарентност, давање помош при следење на усогласеноста со постојните или идните договори за контрола на оружјето, проширување на можностите за спречување кризи и за управување со кризни ситуации.
Договорот воспоставува програма за невооружени летови за воздушен надзор на целата територија на неговите учеснички. Сега договорот има повеќе од 30 држави потписнички. Русија го ратификува договорот за отворено небо на 26 мај 2001 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.