Свет
Француската влада е подготвена да ја повлече мерката за пензионирање на 64 години
Француската влада е подготвена да ја повлече од својот план за пензиски реформи, мерката што поттикнува да се работи до 64 години, а којашто синдикатите едногласно ја отфрлија, наведува премиерот Едуард Филип во писмото испратено до синдикатите и работодавачите.
Тој исто така рече дека социјалните партнери треба да се договорат за мерките што треба да се спроведат за да се обезбеди финансиска рамнотежа на пензискиот систем до 2027 година, во спротивно оваа мерка ќе биде повторно воведена.
Старосната граница за полна пензија од 64 години беше најспорната мерка на планираната пензиска реформа. Целта беше постепено да ги охрабри Французите да заминат во пензија на 64-годишна возраст, или во спротивно пензијата би им била помала. Во моментов, законската граница за во пензија е 62 години.
Најголиот синдикат ЦФДТ го поздрави повлекувањето на старосната граница за пензија од 64 години од нацрт-законот за пензионирање. ЦФДТ, како што е најавено, ќе ги продолжи преговорите во рамките понудени за решавање на нејаснотиите во врска со идниот унифициран систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Волстрит журнал“: Трамп во својот говор ќе повика на револуција на здравиот разум
„Волстрит журнал“ утринава објави дека Доналд Трамп ќе повика на револуција на здравиот разум во неговото инаугуративно обраќање попладнево.
Американскиот весник наведе дека имал пристап до копија од очекуваниот говор на Трамп и извести дека во неговото обраќање тој ќе ја поздрави возбудливата нова ера на национален успех.
Според весникот, говорот ќе биде пооптимистички од оној во 2017 година, а се очекува Трамп да ја нагласи виталноста на најголемата цивилизација во историјата.
Свет
„Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот
Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-ен-ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така ги поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници што ги држеше Хамас.
„Олеснување е, конечно, да се видат ослободени првите заложници и пристигнувањето на хуманитарната помош, примирјето да стапи во сила во Газа“, рече Кошта во објавата на платформата Х.
Тој рече дека „договорот ја носи потребната трошка надеж во регионот“.
„Сите страни мора да се придржуваат до него. Мирот е единствениот пат напред“, додаде Кошта.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, исто така го поздрави почетокот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа во објава на мрежата Х.
„Ние сме подготвени да ја поддржиме оваа имплементација и да ја зголемиме испораката на постојана хуманитарна помош до Палестинците, кои продолжуваат да страдаат. Императив е овој прекин на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испораката на помошта“, рече Гутереш.
Свет
Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот
Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).
На годинешниот собир ќе присуствуваат речиси 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.
Лидерските говори ќе почнат утре по денешното официјалното отворање на конференцијата.
Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер-криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени со мотото „Соработка за интелигентна доба“.
Но, набљудувачите веруваат дека годинешниот состанок повеќе од сè ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.
Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.
Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на својот мандат. В четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видеоврска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.