Свет
Киднапирана припадничка на израелската армија, извори тврдат дека Хамас ја убил со удари во главата

Хамас објави видео на киднапирана израелска војничка, која чита порака. Израел го идентификува девојчето како Ноа Марчијано.
Откако Хамас го објави видеото, израелската војска (ИДФ) потврди дека се работи за 19-годишнaта Ноа Марчијано.
Девојчето било киднапирано за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и одведено во заробеништво во Газа, пренесува „Дневник.хр“.
„Нашето срце е со семејството Марчијано, чија ќерка Ноа беше брутално киднапирана од терористичката организација Хамас. Ги користиме сите средства, разузнавачки и оперативни, за да ги вратиме заложниците дома“, се вели во соопштението на армијата.
Во понеделникот вечерта бригадите „Ал Касам“ на Хамас објавија видео на кое Ноа очигледно чита порака на хебрејски, во која таа се претстави со своето име и матичен број и рече дека е приведена во Газа.
Сепак, на крајот од видеото е прикажано безживотното тело на девојката со очигледни повреди. И додека Хамас наведува дека била убиена во бомбардирање на израелската армија на 9 ноември, други неофицијални извори тврдат дека Хамас ја убил со удари во главата.
„Терористичката организација Хамас продолжува да спроведува психолошки тероризам и да се однесува нехумано со објавување видеа и фотографии од заложници, како што правеа во минатото“, соопшти ИД наведувајќи дека го посетиле семејството на Ноа Марчијано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Келог: Русија не го добива конфликтот, Украина се бори храбро

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Кит Келог, изјави дека Русија не го добива конфликтот во Украина. Неговите зборови ги пренесува „Скај њуз“ од Варшавскиот безбедносен форум.
Келлог истакна дека Европа денес е сведок на конфликт каков што не е виден од Втората светска војна. Според неговата процена, Москва не напредува во согласност со своите цели, а украинската страна се бори храбро и исклучително добро. Тој нагласи дека борбата меѓу Москва и Киев мора да заврши.
Претходно, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, нагласи дека Русија продолжува да ги спроведува своите стратешки воени операции во Украина, насочени и кон сегашноста и кон иднината на земјата. Песков потсети дека претседателот Владимир Путин постојано ја нагласувал потребата од решавање на основните причини за украинската криза, како и потребата Москва да ги постигне целите поставени од почетокот на конфликтот.
Фото: принтскрин
Свет
Песков: Украина продолжува со милитаристичка политика наместо дијалог

Украина продолжува со својата милитаристичка политика наместо дијалог, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, Владимир Путин.
„Гледаме дека тие (Украина) продолжуваат со овој милитаристички став наместо да размислуваат како да се вклучат во дијалог со цел заеднички да бараат безбедносни гаранции за време и во рамките на дијалогот“, изјави Песков пред новинарите, пренесува „РИА новости“.
Тој додаде дека Кремљ слуша разни гласови од европските престолнини и затоа продолжува да ја следи ситуацијата.
Одговарајќи на прашање за изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во врска со создавањето ѕид од беспилотни летала во Европа, Песков рече дека историјата покажува дека градењето ѕидови е секогаш лоша работа.
„Многу е тажно што оваа милитаристичка конфронтациска политика на Украина сега потенцијално би можела да почне да се материјализира во создавање нови ѕидови на поделба“, истакна тој.
Фото: принтскрин
Европа
„Шпионирала за Киев, планирала да труе војници“: Русите уапсија готвачка на Крим

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила 45-годишна Русинка, главен готвач во ресторан во Севастопол, на Крим, под сомнение за шпионажа за Украина и план за труење руски војници, објави „Киев пост“.
Неименуваната жена, која е во притвор, е обвинета дека работела за Главната дирекција за разузнавање на Украина (ХУР) во последните две години. ФСБ тврди дека таа ги понудила своите услуги на украинската разузнавачка служба уште во септември 2023 година.
Таа наводно користела „Воцап“ за да споделува информации со своите врски за локациите и за рутите на рускиот воен персонал и опрема во Севастопол, поранешното главно пристаниште на руската Црноморска флота. ФСБ конкретно тврди дека таа фотографирала бродови на Црноморската флота стационирани во Севастополскиот Залив, кои подоцна биле користени од украинските вооружени сили за планирање ракетни напади.
Таа е обвинета и за план за труење припадници на руските специјални сили, кои го посетувале ресторанот во кој работела.
Кримскиот одред на ФСБ соопшти дека жената е обвинета за велепредавство според член 275 од Рускиот кривичен законик додавајќи дека истрагата за нејзините криминални активности е во тек. Во соопштението за медиумите на ФСБ се наведува дека ова е уште еден пример за тоа како „украинските специјални служби ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација и предизвикуваат економска штета на државата со активно регрутирање сторители на саботажи и терористички напади“.
фото: принтскрин