Свет
Хамнеи ја предводеше молитвата за Раиси, на испраќањето во Техеран повеќе од 50 делегации

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска водеше молитва во присуство на стотици илјади луѓе во Техеран на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални лица, кои загинаа во хеликоптерска несреќа.
Хамнеи ги водеше молитвите на Универзитетот во Техеран во присуство на високи странски достоинственици, а ковчезите со телата на Раиси и други официјални лица што загинаа во хеликоптерската несреќа во неделата беа однесени на Плоштадот на револуцијата во центарот на Техеран, каде што ќе се одржи комеморацијата, пренесува ИРНА.
Се очекува околу 16 часот по локално време на комеморативната церемонија на Раиси да присуствуваат странски државници, според иранските медиуми, 50-ина делегации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Пожар во болница во Велика Британија, евакуирани бремени жени

Бремени жени се евакуираат од породилиште во Бристол откако избувна голем пожар, јавува Би-Би-Си. Црн чад беше забележан над болницата „Свети Михаил“ во Бристол кратко пред 16:30 часот по локално време. Пожарникарите од противпожарната служба „Ејвон“ се на местото на настанот.
Thick clouds of black smoke in Bristol city centre. #Bristol pic.twitter.com/uUwN5UaZos
— Dan Martin (@Dan_Martin) May 22, 2025
Акушерките им помагаат на бремените жени кои беа изнесени од зградата. Џес Хачинсон (22), која се нашла на местото раскажала дека било застрашувачки да чуе дека на покривот избувнал пожар.
Полицијата од Ејвон и Сомерсет соопшти дека им помага на противпожарните служби на местото на пожарот. „Улицата „Свети Михаил“ е затворена за возила и пешаци и луѓето се повикуваат да ја избегнуваат областа доколку е можно“, соопшти полицијата на X.
Свет
Момче избодено во училиште, родителите во паника дошле да ги земат своите деца во Берлин

11-годишно момче е повредено и е во сериозна состојба по напад со нож во основно училиште во Берлин.
Полиција и брза помош беа повикани во училиште во берлинската населба Шпандау во попладневните часови, пишуваат медиумите во регионот.
Портпаролката на полицијата, Ања Диршке, потврди за „Билд“: „Полицијата и пожарникарите беа повикани во 11:30 часот наутро во основното училиште на Вајнмистерхорн. Постои сомневање за кривично дело“.
Повреденото дете е пренесено во болница.
Во меѓувреме, голем број на родители дошле во училиштето да ги земат своите деца. Советници за психолошка помош биле исто така на лице место, достапни по потреба.
Полицијата започна истрага.
Свет
Јужноафриканскиот претседател до Трамп: „Жал ми е, немам авион да ви дадам“

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса вчера му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека жали што нема авион да му го даде.
„Жал ми е, немам авион да ви дадам“, рече Рамафоса во Овалната соба.
„Би сакал да имаше. Јас би го земал“, рече Трамп. „Доколку вашата земја понуди авион на американските воздухопловни сили, јас би го прифатил“, одговори Трамп, пренесуваат светските медиуми.
Размената, според написите, се случи откако Катар му подари на Трамп луксузен авион 747 за употреба како „Ер Форс Уан“.
Пентагон официјално објави дека авионот е примен токму кога Трамп бил домаќин на Рамафоса.
Подарениот авион, чија вредност се проценува на 400 милиони долари, покрена прашања за етиката и законитоста, и кај републиканците и кај демократите.
Кога еден новинар го прашал за авионот, Трамп го нарекол новинарот „идиот“.
„Вие сте навистина, знаете, ужасен новинар. Го немате што е потребно за да бидете новинар, не сте доволно паметни“, му одговорил Трамп.