Свет
„Хитроу“ го ограничи бројот на патници поради секојдневниот хаос
Лондонскиот аеродром „Хитроу“ објави дека ќе го ограничи бројот на патници што заминуваат на 100.000 дневно за да се избегне метеж бидејќи се бори со зголемената побарувачка и да спречи понатамошни откажувања летови. Авиокомпаниите на најголемиот британски аеродром веќе го прифатија повикот на владата за намалување на капацитетот, но „Хитроу“ рече дека мора да се направи повеќе.
Аеродромот вели дека авиокомпаниите, ракувањето со багажот и другите копнени услуги може да издржат до 100.000 патници кои заминуваат дневно, бројка што редовно се надминува во последните недели, што доведува до неприфатливо лоша услуга.
„Некои авиокомпании презедоа значајни чекори, а други не и веруваме дека се потребни дополнителни мерки за да се обезбеди патниците да патуваат безбедно и сигурно“, рече директорот на „Хитроу“, Џон Холанд-Кеј, во отвореното писмо до патниците.
„Затоа ја донесовме тешката одлука да го ограничиме капацитетот од 12 јули до 11 септември“, додаде тој.
Во понеделникот „Хитроу“ во последен момент одлучи да откаже десетици летови што требаше да превезуваат околу 10.000 патници. Откажани се 61 лет бидејќи аеродромот во западен Лондон не можеше да се справи со бројот на патници. Бројот на патници што летале од „Хитроу“ во првата половина од годината бил 26 милиони, шест пати повеќе отколку во истиот период во 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

