Свет
Хонг Конг подготвува закон со кој ќе се казнува навреда на државната химна
Властите во Хонг Конг го претставија новиот закон со кој би се озаконило казнувањето навреда на државната химна, со три години затвор и казна од речиси седум илјади долари.
Хонг Конг е посебен административен регион на Кина, каде што сличен закон беше донесен во 2017 година.
Казните се пропишани за сите кои јавно и намерно ќе ја навредат химната или за употреба во комерцијални цели, според уредбата за устав и континентални работи во Нонг Конг.
Како што се наведува, законот е наменет за да обезбеди дигнитет на химната. Слични закони постојат и во Сингапур, Малезија и Тајланд, каде што химната на кралското семејство е заштитена со долговечен закон против велепредавство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

