Свет
Цената на гасот на најниско ниво во последните 6 месеци: рекорд на европската берза
Цената на гасот на европската берза падна на 26 евра за мегават-час, што е најниско ниво за повеќе од шест месеци, поточно од јули 2023 година.
Цените на бензинот паднаа за 7,5 отсто само минатата недела бидејќи грејната сезона во Европа полека завршува.
Здружението на операторите со гасна инфраструктура на Европа (ГИЕ) на 10 февруари објави дека моментната пополнетост на европските гасни капацитети е 67 отсто, со 73 отсто во Германија, 61 отсто во Италија и 54 отсто во Франција, објавија медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вархеји: Србија да продолжи со усогласување на визната политика со ЕУ
Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји, изјави дека е важно да се продолжи со усогласување на визната политика на Србија со визната политика на Европската унија. Тој ова го изјави во Белград на средбата со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Имајќи ја предвид улогата на МВР, како и добрата соработка со европските институции во претходниот период, министерот Дачиќ посочи дека меѓу приоритетите на Србија се сузбивањето на нерегуларната миграција и заштитата на државната граница како и борбата против шверцот и трговијата со луѓе.
Дачиќ подвлече дека Србија е подготвена да ја крене на повисоко ниво својата соработка со европските партнери, да работи на прашањето за илегалната миграција и постепено да ја усогласува својата визна политика со политиката на ЕУ.
Регион
Припадничка на косовската полиција пронајдена мртва во куќа во Гњилане
Припадничка на полицијата на Косова, чиј идентитет не е соопштен е пронајдена мртва во нејзината куќа во Гњилане.
Полицијата соопшти дека починатата имала 46 години и дека нејзиното безживотно тело го пронашла полициска патрола околу 11.45 часот.
Исмет Хасани, портпарол на косовската полиција за регионот Гњилане рече дека полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот каде го пронашла безживотното тело на нивната колешка.
Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна по завршување на истрагата која е во тек.
Свет
Блинкен: Русија мора да плати за тоа што Путин го уништи во Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека рускиот претседател Владимир Путин ја уништи Украина и затоа Русија треба и мора да плати за обновата.
Според него, САД имаат намера да ја искористат својата моќ и да ги користат руските средства (за обнова на Украина), пренесува Ројтерс.
„Ние работиме со нашите партнери од Г7 за да ги искористиме замрзнатите руски државни средства за да ја вратиме штетата направена од Путин“, рече Блинкен за време на посетата на Киев.