Свет
Четворица нови заразени со коронавирус во Велика Британија

Бројот на заразени со коронавирусот во Велика Британија е двојно зголемен и изнесува осум, откако тестот кај четворица пациенти во Англија покажа позитивен резултат на вирусот, пренесе Би-би-си.
Британската влада објави нови мерки за спречување на ширењето на вирусот, преку држење луѓе во карантин. Министерството за здравство го опиша коронавирусот како сериозна и итна закана за јавното здравје. Нивото на ризик во Британија останува „умерен“.
Глобално има над 40.000 заразени случаи, повеќето во Кина. Вкупниот број починати во Кина изнесува 908, но бројот на нови инфицирани случаи на дневно ниво е стабилизиран.
Медицинскиот директор на Англија, проф. Крис Вити, изјави дека сите четири случаи биле „познати контакти на претходно потврден случај во Велика Британија, а вирусот е пренесен во Франција“.
Тој додаде дека тие се пренесени во специјализирани центри за заразни болести, во болниците „Гај“ и „Сент Томас“ и „Ројал фри“ во Лондон.
„Ги зајакнуваме мерките за да ги задржиме лицата во изолација за нивна безбедност, доколку експертите за јавно здравје проценат дека тие можеби ризични да го пренесат вирусот на други лица“, соопшти портпаролот на Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мал авион се урна врз колиба во Словенија, пилотот се уште не е пронајден

Мал авион утрово по полетувањето од Загреб удрил во колиба лоцирана во областа Велика Планина во Словенија.
Авионот Mooney Ovation M20R изгубил контакт со контролата на летот околу 9:30 часот, по што почнал да се спушта во спирала од височина од 2.500 метри.
Околу 12:30 часот спасувачите пронашле делови од леталото кое удрило во кабина сопственост на Машинскиот факултет во Љубљана. Доцна попладнето пожарникарите соопштија дека целото летало се наоѓало во кабината, што полицијата се уште не го потврдува. Потрагата се уште трае, а пилотот се уште не е пронајден.
Пожарникарите од Противпожарната служба Камнишка Бистрица на Фејсбук објавија дека леталото ја „преполовило кабината“, а еден од нивните тимови ги пронашол крилото и тркалото на авионот во кабината. Откако ја прегледале околината, не нашле остатоци, па потрагата повторно ја насочиле кон кабината.
„Откривме и топол предмет со термална камера за кој претпоставувавме дека е моторот на авионот. Откако полицијата ја презеде координацијата на настанот, бидејќи нашата помош повеќе не беше потребна, пожарникарите на Противпожарната единица Камнишка Бистрица се вратија во седиштето, а потоа по договор со раководителот на интервенција го напуштивме местото за интервенција“, напишаа на Фејсбук.
Свет
Евакуирани 900 лица по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Речиси илјада луѓе се евакуирани денеска во Гватемала откако вулканот Фуего повторно еруптираше, соопштија органите за цивилна заштита.
Лоциран на околу 35 километри југозападно од главниот град на Гватемала, вулкан се активираше, исфрлајќи лава, пепел и карпеста маса.
„Како мерка на претпазливост, започна евакуацијата на околу 125 семејства или околу 900 лица“, соопшти националната служба за управување со катастрофи.
Општинската зграда во градот Алотенанго ќе служи како привремено засолниште за евакуираните.
Властите прогласија состојба на готовност за да одржуваат „постојан контакт со градоначалниците и гувернерите“ на областите во близина на вулканот и „координираат превентивни акции“ во случај на ерупција, соопшти службата.
Владата, исто така, ја прекина наставата во училиштата во областа околу вулканот и го затвори патот што го поврзува југот на земјата со поранешната колонијална престолнина Антигва – главната туристичка дестинација на Гватемала и дел од светското наследство на УНЕСКО од 1979 година.
Свет
Рубио оптимист за претстојните разговори со украинските власти

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази денеска оптимизам за претстојната средба на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија и додаде дека треба да се разработат повеќе детали од договорот за ретки метали меѓу Вашингтон и Киев.
Тој рече дека Вашингтон треба да ја разбере позицијата на Киев и да има општа идеја за тоа какви отстапки може да направи, објави Ројтерс.
Рубио моментално е на пат кон саудискиот град Џеда заедно со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц.