Европа
Чешкиот премиер: Ве молам, почитувајте ги мерките, само чудо може да нè спаси од коронавирусот
Во Чешка, во неделата, првпат во една недела, беа евидентирани помалку од 10.000 новоинфицирани од коронавирус, но и над 2.200 мртви.
Премиерот Андреј Бабиш ги моли Чесите да ги почитуваат мерките бидејќи статистиката е катастрофална и само чудо може да ја спаси земјата од натамошно затворање и заострување на мерките.
Во недела, тестовите, кои обично се помалку за време на викендите, открија 7.301 новоинфициран од коронавирус, што е речиси половина помалку од саботата, но сепак е рекорден број за недела.
Бројот на активни случаи во земјата со 10,7 милиони жители достигна 158.515 заразени, според новите податоци на чешкото Министерство за здравство.
Во болниците има 5.345 пациенти, од кои 800 се на интензивна нега или респиратори, а црната статистика за оваа недела е дополнета со 71 починат досега, со што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на коронавирусот достигна 2.201. Тој е во драматичен пораст од 19 октомври, кога 100-ина пациенти со Ковид-19 умираа секој ден.
„Нашите бројки се катастрофални и мерките донесени од владата засега не функционираат. И претпоставувам дека треба да се случи чудо за да почнат да функционираат“, рече Бабиш во своето редовно неделно видеообраќање „Здраво, луѓе“ на „Фејсбук“.
Премиерот покажа фотографии од толпа луѓе на пазарите во Прага, кои не беа затворени, но многу луѓе се движеа во нив, повеќето со маски, но игнорирајќи ја мерката да се држат на растојание едни од други.
„Следната недела ќе биде клучна. Ако не се случи чудо, не ни преостанува ништо друго, освен да ги засилиме мерките“, рече Бабиш додавајќи дека поради зголемениот број заразени лица постари од 65 години, владата ќе се состане повторно.
„Се надевам дека луѓето што тврдеа дека Ковид-19 не постои, ќе разберат дека ѓаволот ја однел шегата. Тие треба да гледаат на епидемијата како пролетоска кога правилата беа постојано почитувани“, рече Бабиш во видеопораката. Тој рече дека ниту една влада во светот не може да се справи со епидемијата ако не ѝ помогнат самите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.