Свет
Швајцарија нема да ја забрза депортацијата на одбиените азиланти од Еритреја
Горниот дом на швајцарскиот парламент во средата се спротивстави на предлогот Еритрејците што не успеале да добијат азил во Швајцарија да бидат депортирани што е можно поскоро, пренесува „Локал“.
Предлогот на десничарската Швајцарска народна партија (СВП) доаѓа по последователното заострување на швајцарската политика кон Еритрејците што привремено живеат во Швајцарија откако не им бил одобрен азил. Во пресудата се вели дека враќањето на луѓето во Еритреја не може да се отфрли во сите случаи дури и кога луѓето што се враќаат би можеле да бидат принудно мобилизирани.
Во предлогот што беше претставен во средата пратеничката на СВП, Андреа Гејсбихлер, побара швајцарската влада да почне разговори со еритрејскиот претседател Исајас Афеверки за цел да го олесни враќањето на Еритрејците во татковината. Таа го наведе неодамнешниот мировен договор помеѓу Еритреја и соседна Етиопија како доказ дека ситуацијата во регионот е подобрена. Во моментов, не постои билатерален договор помеѓу Швајцарија и Еритреја за репатриација, но швајцарската министерка за правда, Симонета Сомаруга, изјави дека владата на Еритреја се покажала неподготвена да преговара за враќањето на луѓето и покрај честите обиди на Швајцарија да изгради односи и да воспостави дипломатско присуство во земјата.
Сенатот во средата ја отфрли и иницијативата на група жители на Женева кои ја повикуваа швајцарската влада да ја релаксира политиката кон Еритрејците што живеат во Швајцарија на привремена основа. Сепак, сенатот го прифатил предлогот од либералниот пратеник Дамиен Милер и ги повикал швајцарските власти што побрзо да направат целосен преглед на Еритрејците кои живеат во Швајцарија по одбиеното барање за азил. Милер рече дека Државниот секретаријат за миграција (СЕМ) врши добра работа, но дека агенцијата треба да го забрза процесот за политичарите да не го изгубат својот кредибилитет во очите на јавноста.
Во април, СЕМ рече дека ќе направи целосен регистер на околу 3 400 Еритрејци кои живеат привремено во Швајцарија по неодамнешните судски одлуки во врска со нивниот статус. Една неодамнешна пилот-анализа на 250 случаи откри дека околу 20 Еритрејци може да бидат депортирани од Швајцарија, одлука што ја критикуваше групата за права која тврди дека ситуацијата во Еритреја не е подобрена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

