Европа
Шведска ќе ја ревидира стратегијата во борбата против коронавирусот
Шведска најави ревидирање на стратегијата во борбата против коронавирусот кога стапката на смртност во старските домови излезе од контрола.
Премиерот Стефан Лофвен планира да потроши и до 220 милиони долари на здравствен персонал за да ги заштити највозрасните лица во државата. Уште толку пари ќе бидат наменети за локалните власти за дополнителни трошоци, кои ги имаа во борбата против пандемијата, објави владата, пренесува „Блумберг“.
Како и во другите држави во светот, така и во Шведска најголем број починати се повозрасни лица, но критичарите тврдат дека многу од тие жртви можеле да се избегнат ако властите подобро се фокусирале на заштита на најранливите групи.
На почетокот на февруари Шведска отвори истрага поради големата стапка на смртност во домовите за стари лица. Половина од лицата постари од 70 години, кои починаа од коронавирус, живееле во старски домови, вели националната статистика опфаќајќи го периодот од крајот на април. Вчера бројот на починати достигна 3.256.
Шведскиот пристап на пандемијата стана топ-тема на меѓународните дебати кога Швеѓаните зазедоа порезервиран став од другите држави во светот. Наместо строги мерки и карантин, тие се потпираа на однесувањето на своите граѓани и нивната способност да се придржуваат кон правилата на социјално дистанцирање.
Фитнес-центрите, училиштата, рестораните и трговските центри останаа отворени во текот на целото времетрааење на пандемијата. Стратегијата досега ја заштити економијата од најлошото, но стапката на смртност од коронавирус во Шведска изнесува околу 32 на 100.000 жители.
Главниот шведски епидемиолог Андрес Тегнел вели дека борбата против коронавирусот е долготраен процес нагласувајќи дека карантините се само краткотрајно решение. Тој предупредува дека веднаш штом ќе се укине карантинот, стапката на зараза ќе почне да расте.
Според него, умерените рестрикции, кои дозволуваат продолжување на нормалниот живот, се поефикасни и на општеството му овозможуваат полесно надминување на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

