Контакт

Европа

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Објавено пред

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на столбот на срамот во светските медиуми поради лабавата антиковид-политика.

dobivaj vesti na viber

Британски „Гардијан“ го карактеризира шведскиот пристап како катастрофа во најава, а „Си-би-ес њуз“ објави дека Шведска е пример како не треба да се решава кризата предизвикана од коронавирусот.

И покрај сите критики, Шведска сѐ уште ги има најслабите епидемиолошки мерки против коронавирусот, земјата е полна со туристи, сѐ работи и функционира нормално, учениците одат на училиште и сето тоа без речиси никакви ограничувања.

Исто така, шведските власти не само што не се закануваат со воведување рестриктивни мерки туку и не ги препорачуваат. И каков е резултатот?

Најновите податоци земени во последните седум дена покажаа дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 е нула. И така е во сите претходни седум дена.

Значи, како што се заклучува во текстот на порталот fee.org, пред една година беше јасно дека приказните за „катастрофата во најава“ се неосновани, а сега, една година подоцна, се покажа дека шведскиот пристап бил точен.

Ова го докажуваат и месечните бројки, како оние за бројот на заболени така и економските. Денес, Шведска е послободна, поздрава и со повеќе пари од која било друга европска земја.

Европа

(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан

Објавено пред

Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.

dobivaj vesti na viber

Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.

Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Масовен напад со дронови врз Русија, има мртви и ранети

Објавено пред

Територијата Краснодарск и Ростовската област беа цел на масовен напад од украински беспилотни летала ноќеска, што резултираше со жртви и значителна материјална штета. Според моменталните информации, најмалку три лица се убиени, а неколку се повредени, јавува руската новинска агенција РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

Напад врз Ростовската област
Гувернерот на регионот Јуриј Сљусар соопшти дека во нападот загинале три лица, а осум други се повредени. Сите жртви биле жители на Таганрог и Неклиновскиот округ. Во самиот Таганрог се оштетени две повеќекатни згради, една приватна куќа, Машинскиот факултет, две индустриски претпријатија и градинка, поради што на овие локации е воведена локална вонредна состојба. Оперативниот штаб е на терен, се наведува во соопштението.

Штети се пријавени и во селата Петрушино и Весело-Вознесенка, каде што беа оштетени два приватни имота. Едниот се запали, додека во другиот беше оштетена надворешна гасовод, што исто така предизвика пожар. Според соопштението на руското Министерство за одбрана, силите за воздушна одбрана соборија 16 беспилотни летала над Ростовскиот регион во текот на ноќта.

Властите во Таганрог, Ростовска област, прогласија вонредна состојба во областа на оштетените објекти каде што три лица беа убиени во напад на украинските вооружени сили. Оштетени се неколку станбени згради, една зграда на факултет, две индустриски претпријатија и една градинка, изјави градоначалничката Светлана Камбулова.

„Како резултат на непријателскиот напад, оштетени се неколку станбени згради, една приватна куќа, зградата на Машинскиот факултет, две индустриски претпријатија и Градинката бр. 17. Прогласена е локална вонредна состојба во границите на овие згради и институции“, напиша таа на својот Телеграм канал.

Во Краснодарскиот крај, попознат како Кубан, шест лица се повредени во напад со беспилотно летало, потврди гувернерот Венијамин Кондратиев. Четворица од повредените се од Новоросијск, каде што се оштетени пет станбени згради и две приватни куќи.

Во центарот на Краснодар, фрагменти од дронови се пронајдени во близина на повеќекатна зграда, а прозорците на три згради се оштетени. Во Туапсе, покривот на станбена зграда се запали по ударот на дрон, но пожарот брзо беше локализиран. Во тој инцидент, од шрапнели е ранет обезбедувач од соседен објект. Во Геленџик се оштетени две приватни куќи, а повреден е и човек кој бил на улица во времето на ударот, но неговиот живот не е во опасност.

Министерството за одбрана вели дека системите за воздушна одбрана над регионот собориле вкупно 76 дронови.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

16-годишник застрелан во Британија, се бори за живот

Објавено пред

16-годишно момче се бори за живот откако беше застрелано во Шефилд. Полицијата соопшти дека тинејџерот бил однесен во болница со прострелна рана здобиена вчера вечерта и неговото семејство е со него. Инцидентот се случил на Лондон Роуд непосредно пред 17:20 часот, објави Скај њуз.

dobivaj vesti na viber

Полициските службеници ќе останат во областа за да спроведат „обемни истраги со цел да ги идентификуваат одговорните“, а патролите ќе бидат засилени во наредните денови. Дел од Лондон Роуд е затворен додека истрагата продолжува и се очекува прекинот на сообраќајот да продолжи и денес.

Главниот детектив инспектор Ема Најт, која ја води истрагата, рече дека станува збор за „ужасен инцидент“. „Сакам да ги уверам жителите дека посветен тим од полицајци и персонал работи неуморно за да ги разбере околностите што доведоа до овој напад и да ги пронајде одговорните“, додаде таа, апелирајќи до јавноста.

„Треба да соработувате со нас и да ни ги дадете сите информации што ги имате. Ова е неприфатливо на нашите улици, затоа мора да работиме заедно за да го спречиме ова. Ако видите полицајци во областа и имате информации или загрижености, ве молиме разговарајте со нив“, рече Најт.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија37 минути

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа2 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија2 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа2 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет3 часа

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет3 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет4 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа4 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија23 часа

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија23 часа

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ23 часа

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ23 часа

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија24 часа

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...

Македонија1 ден

Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично...

Македонија1 ден

„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,...

Топ1 ден

Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот

57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград. Според српски Телеграф, на патникот му...

Македонија2 дена

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не...

Македонија2 дена

Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки

Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име....

Македонија2 дена

11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди, Владата додели над 33.000 ваучери

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари....