Европа
Шведски компании заинтересирани за производство на руската вакцина „спутник В“

Неколку шведски компании изразија подготвеност да ја произведуваат руската вакцина против Ковид-19 „спутник В“, откако шведската влада испрати барање до Агенцијата за иновации „Винова“ да ја разгледа можноста за воспоставување на своето производство во Шведска, пренесуваат руските медиуми.
„Постоечките производствени капацитети не се наменети за такво производство. Сепак, секако имаме можност да произведеме вакцина. Не мора да се работи за изградба на голема фабрика, туку само за обид да се развијат такви можности со капацитетот што веќе го имаме”, објасни шефот на агенцијата „Винова“, Ларс Хамарстрем.
Претходно, координаторот на кампањата за вакцинација, Рикард Бергстром, објави можност за производство на руска вакцина во Шведска и преговори меѓу руската и шведската страна. Сепак, сè уште не е познато кои шведски компании преговараат со Руската Федерација.
Според професорот и експерт за вакцини на Институтот „Каролинска“, Али Миразими, денес се бараат сите достапни вакцини.
„Потребни ни се сите вакцини што можат да се набават. Со фабриките што го произведуваат ‘спутник В’ во Европа, процесот ќе оди подобро и побрзо, бидејќи ќе биде полесен и посигурен во однос на квалитетот”, рече Миразими. Тој додаде дека инспекторите ќе можат да ги посетат производствените капацитети и ќе се забрза процесот на одобрување на вакцините.
Европската агенција за лекови на 4 март објави почеток на последователно испитување на „спутник В“. Регулаторот на ЕУ соопшти дека за време на ревизијата, експертите ќе ја проценат усогласеноста на вакцината со стандардите на ЕУ во областа на ефикасноста, безбедноста и квалитетот.
Според руските податоци, „спутник В“ досега е регистриран во 50 земји со вкупно население од над 1,3 милијарди луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин