Свет
Шефот на полицијата: Уапсени 34 лица поради немирите во Даблин
Началникот на ирската полиција, Дру Харис, објави дека 34 лица се уапсени за немирите во Даблин во четвртокот вечерта по нападот со нож во ирската престолнина вчера, при што четири лица беа повредени.
„Имаме вкупно 34 апсења, од кои 32 лица ќе бидат изведени пред суд утрово“, изјави Харис на прес-конференција, пренесува Би-би-си.
Тој додаде дека за време на насилните протести значително се оштетени 13 продавници, уништени се 11 полициски возила, три автобуси и еден трамвај.
Еден полицаец е тешко повреден за време на полициската акција, а многу повеќе се повредени за време на немирите, изјави началникот на ирската полиција.
Законот и редот беа воспоставени синоќа околу 21 часот, рече Харис.
За време на протестот толпата извикуваше слогани против мигрантите, според „Гардијан“, а Харис на синоќешната прес-конференција рече дека „во немирите била вклучена хулиганска фракција, водена од екстремно десничарска идеологија.
Харис пред новинарите ги опиша синоќешните настани во Даблин како вонредни додавајќи дека такви сцени не биле видени во главниот град на Ирска со децении.
Харис го оправда одговорот на полициските службеници на местото на настанот додавајќи дека ќе биде извршен „фундаментален преглед на тактиката за воспоставување јавен ред“.
Шефот на ирската полиција предупреди дека постојат сомневања дека може да има повеќе насилство на улиците на Даблин и дека се проценува соодветна реакција.
Во Даблин утринава забележително е зголемено присуството на безбедносните сили по синоќешните насилства, грабежи и хаос во главниот град на Ирска на протестот по нападот со нож во училиште, во кој беа повредени три деца.
Јавниот сообраќај е нормализиран со одредени промени во центарот на градот, а улиците се расчистуваат, јавуваат локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лидерот на опозициската Напредна Словачка и неговото семејство добија смртни закани
Лидерот на опозициската Прогресивна Словачка (ПС) Михал Симецка поднел кривична пријава поради смртните закани што ги добиле неговата партнерка, ќерката и тој самиот, соопштија за словачката новинска агенција ТАСР во прес-службата на ПС.
Симецка објави дека добил неколку „конкретни и драстични“ смртни закани од „одредени луѓе“, посочувајќи дека слични закани со години биле упатени до словачката претседателка во заминување Зузана Чапутова.
Тој изрази уверување дека повеќето политичари, новинари и јавни функционери кои го изразуваат своето мислење се соочуваат со смртни закани.
Свет
Обвинителството бара притвор за атентаторот на Фицо, одлука судот ќе донесе утре
Утре судијата на Специјализираниот кривичен суд во Словачка ќе донесе одлука за притвор на осомничениот за атентатот на премиерот Роберт Фицо- Јураја Цинтула.
Надлежниот обвинител до судот веќе достави предлог за изведен притвор за 71-годишниот левичар, кој во средата по владината седница неколкупати пукаше во премиерот и тешко го рани. Обвинителот бара притвор за обвинетиот поради евентуално бегство и поради ризик од повторување на делото, изјави портпаролката на судот Катарина Куѓакова.
Цинтула беше уапсен веднаш по нападот и се соочува со обвиненија за обид за убиство од прв степен од одмазда, а се соочува со 25 години затвор, па дури и доживотен затвор. Според министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток и министерот за одбрана Роберт Калињак, нападот бил политички мотивиран, пренесува Актуалити.
Состојбата на премиерот Роберт Фицо и понатаму е сериозна и тој е на одделението за интензивна нега.
Свет
Ердоган помилува седуммина поранешни високи воени офицери за соборување на владата во 1997 година
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска помилува седуммина поранешни високи воени офицери, кои беа осудени на доживотен затвор за соборување на владата во 1997 година.
Поранешните генерали, кои се во доцните 70-ти и 80-ти години, беа помилувани поради здравствени проблеми и старост, според одлуката објавена во „Службениот весник“ на земјата во текот на ноќта, пренесе АП.
Судот ги осуди генералите на доживотен затвор во 2018 година за нивната улога во кампањата предводена од просекуларната армија на Турција, која принуди на оставка на тогашниот премиер Нејметин Ербакан.