Свет
Шефот на регионалната управа во Харков тврди: Русите киднапираа уште еден градоначалник

Шефот на регионалната управа во Харков, Олег Синиехубов, објави дека руските сили го фатиле градоначалникот на Голем Бурлат во областа Харков, Виктор Терешченко, пренесува Си-ен-ен.
„Денеска имаме вест дека Русите го фатиле градоначалникот на заедницата Голем Бурлат, Виктор Николаевич Терешченко. Таквите луѓе треба да бидат безбедни. Виктор Терешченко, едноставно, бил киднапиран од своето работно место и одведен во локалната полициска станица. Го држат таму и нема да го пуштат“, рече Синегубов.
Тој додаде дека мештаните го осудуваат чинот и посочи дека се работи на што побрзо ослободување на градоначалникот Терешченко.
Russians increase their terror tactics in Ukraine. They abducted Viktor Tereshchenko, Ukrainian town head of the Velykoburlytsk, Kharkiv Oblast – at least 3rd mayor abducted.
Russians expected collaboration with locals, having false assumptions about them. https://t.co/Bvf1Yo4AjA pic.twitter.com/ZpVskvYsuz— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) March 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.