Европа
(Видео) Шефот на турската полиција: Уапсено лицето осомничено дека ја поставило бомбата во центарот на Истанбул
Турската полиција уапси лице осомничено дека ja поставило бомба што експлодира во пешачката зона во центарот на Истанбул во неделата, при што загинаа најмалку шест, а беа повредени десетици луѓе, соопшти N1 цитирајќи ги „Ројтерс“ и ДПА.
Бомбата експлодира во неделата околу 16.20 часот по локално време на авенијата Истиклал, улица со многубројни кафулиња, ресторани, кина и продавници.
Според достапните податоци, како што пренесува медиумот, најмалку шест лица загинале во експлозијата, а 81 лице се повредени, од кои двајца потешко.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди кукавичкиот напад во неделата.
„Првите информации упатуваат на заклучок дека се работи за тероризам“, рече Ердоган.
Сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот.
Утринава, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави, според извештајот на државната телевизија ТРТ, дека полицијата го уапсила лицето што ја поставило бомбата.
Осомничено е лице поврзано со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), јави ТРТ.
Во ЕУ и во САД, ПКК има статус на терористичка организација, забележува агенцијата ДПА.
Авенијата Истиклал исто така беше цел на терористички напад во 2016 година кога бомбаш самоубиец уби четири лица, а рани 39. Турската влада тогаш објави дека напаѓачот е поврзан со групата Исламска држава, но не ја презеде одговорноста, посочува ДПА .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
Тој претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од 14 февруари до 14 мај.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна напад врз Украина.
Оттогаш, мерката беше продолжена неколку пати.
Оваа мерка значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не можат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Во април, парламентот усвои закон за ажурирање на правилата за мобилизација додека земјата се обидува да ги надополни редовите на своите вооружени сили.
Европа
На парадата на Путин имаше само еден тенк, луѓето се потсмеваат: „Па, барем вози“
Иако воената парада во Москва е нормално можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
The only Russian tank present at today’s Victory Day parade in Moscow is a single T-34. pic.twitter.com/ut3T6zr31v
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 9, 2024
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад денес“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за „Фајненшл тајмс“. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на „Икс“ напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори „втора армија на светот“ како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.
Европа
Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат обвинет за корупција: случајот го истражуваше и убиената новинарка
Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат, беше обвинет за корупција во врска со скандалот, кој го истражуваше и познатата новинарка Дафне Каруна Галиција. Како што пренесува „Гардијан“, освен за Мускат, обвинението е покренато и против гувернерите на Централната банка на Малта, како и против вицепремиерот. Тие се обвинети во врска со скандалот околу приватизацијата на болниците.
Мускат беше обвинет за примање мито, корупција во јавните служби и перење пари, соопшти агенцијата АФП. Обвиненијата против него ги нарече „фантазија и лаги“, тврдејќи дека е жртва на политичка одмазда.
Malta’s former prime minister charged with corruption over hospital scandal https://t.co/TpFy0DGNV4
— Guardian news (@guardiannews) May 9, 2024
Заедно со него беа обвинети и Крис Фарне, вицепремиер, кој требаше да биде следниот еврокомесар и Едвард Шикулна, поранешен министер за економија и актуелен гувернер на Централната банка на Малта. Тие се обвинети за измама и проневера.
Фарне, кој беше министер за здравство во времето на скандалот кога беше приватизирана болницата, рече дека „апсолутно нема сомнеж дека судот ќе утврди нешто друго освен неговата целосна невиност“. Шикулна не го коментираше обвинението, но претходно негираше дека направил нешто незаконско.
Се очекува дека ќе бидат обвинети уште најмалку двајца високи владини функционери. Обвинението е дел од долгорочната истрага за одлуката на лабуристичката влада од 2015 година, на чело со Мускат, управувањето со три јавни болници да го префрли на приватната компанија „Виталс глобал Хелткер“ како дел од зделката чија вредност се проценува. на четири милијарди евра.
🧵1⃣Last year, we launched the first in a series of investigations we’re supporting with research and investigation coordination: a deep dive into the financial flows in the Malta hospitals privatisation deal. Revisit reporting by our project partners ⬇️https://t.co/HPcKrXbJjJ
— Daphne Caruana Galizia Foundation (@daphnefdtn) April 30, 2024
За овој скандал информираше и Дафне Каруна Галиција, позната истражувачка новинарка од Малта, која беше убиена во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година. Фондацијата формирана во нејзино име по смртта на новинарката објави дека оваа пресуда „докажува дека нејзиното истражување за наместена приватизација било точно“.
Смртта на Дафне Каруна Галиција предизвика голем шок на мирниот медитерански остров. Опсежната независна истрага во 2019 година покажа дека владата не учествувала во атентатот, но дека државата мора да сноси одговорност за создавање „култура на неказнивост“.