Свет
Шојгу до украинските војници: Ќе пројдете како НАТО во Србија

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, предупреди дека муницијата со осиромашен ураниум сериозно ќе влијае врз здравјето на украинските војници потсетувајќи дека тоа се случило и во Косово.
Во последната од низата реакции на Москва на најавата на Велика Британија за испраќање муниција со осиромашен ураниум во Украина, рускиот министер денеска потсети дека таква муниција била користена и од НАТО при бомбардирањето на Србија во 1999 година и дека имало негативно влијание врз здравјето на војниците на НАТО.
Во интервју за телевизијата „Русија-1“, тој рече дека делумно се истражени последиците од неговата употреба.
„Имаше последици врз здравјето на оние што ја користеа таа муниција. Имаше сериозни здравствени состојби и тие беа проучувани. Сепак, тие не испитале какво влијание имала муницијата врз оние против кои била употребена“, додаде рускиот министер, пренесува „Тасс“.
Британскиот заменик-министер за одбрана, Анабел Голди, претходно изјави дека, покрај испораката на борбени тенкови „Челинџер 2“, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати со осиромашен ураниум.
Руската амбасада во Лондон ја предупреди британската влада да не го снабдува Киев со таква муниција. Според руските дипломати, овој чекор е полн со ризици за натамошна ескалација на конфликтот.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, вчера предупреди дека најавата на Велика Британија дека ќе ѝ обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум значи дека остануваат „сè помалку чекори“ до нуклеарен конфликт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин
Свет
„Политико“: ЕУ го одложува воведувањето на 19 пакет-санкции против Русија

Европската комисија (ЕК) нема да воведе нов пакет-санкции против Русија в среда, како што се очекуваше, објавувањето е одложено на неодредено време, објавува „Политико“ повикувајќи се на европски дипломат и функционер на една од земјите на блокот.
Според нив, објавувањето на 19 пакет-санкции веќе не се очекува в среда, а ЕК не прецизирала нови можни датуми за официјално презентирање на новите санкции, според бриселскиот портал.
„Политико“ пишува дека одложувањето е последица на поместувањето на фокусот на ЕУ од воведување нови санкции против Русија кон вршење притисок врз Словачка и Унгарија за намалување на нивната зависност од руската нафта, објавува „Танјуг“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе строги санкции против Русија доколку сите членки на Северноатлантскиот сојуз дејствуваат заедно и престанат да купуваат руска нафта.
Тој истакна дека фактот што некои сојузници на НАТО континуирано увезуваат енергетски ресурси од Русија „ја ослабува преговарачката позиција на алијансата“.