Свет
Шпанија и Италија почнуваат да ги олеснуваат мерките за да ја заживеат економијата
Шпанија, која е една од најлошо погодените земји со пандемијата на коронавирусот, почнува со попуштање на рестриктивните мерки, кои ја доведоа економијата на земјата во застој.
На вработените во фабриките, градежништвото и некои услужни дејности ќе им биде дозволено да се вратат на своите работни места, но мораат да се придржуваат до строги правила за безбедност. Останатиот дел од населението мора да остане дома.
Повеќе од 16.970 луѓе во Шпанија починаа од коронавирус, но нивото на новозаболени опаѓа.
Италија која е најтешко погодена земја во Европа, со речиси 19.900 починати од Ковид-19, ќе дозволи попуштање на рестриктивните мерки и на тесен круг фирми од утре ќе им дозволи да почнат со работа.
Министерството за здравство на Шпанија вчера соопшти дека дневниот број на смртни случаи благо се зголемил, со 619 пријавени во претходните 24 часа, откако падна за три последователни дена.
Како и да е, бројот на нови инфекции беше приближно половина од тоа што беше една недела претходно, со 4.167 потврдени случаи со што вкупниот број достигна 166.019.
„Ние сме сè уште далеку од победата, од моментот кога тој ќе ја врати нормалноста во нашите животи“, предупреди премиерот Педро Санчез.
„Сите сме заинтересирани да се вратиме на улиците … но нашата желба е уште поголема да победиме во војната и да спречиме враќање на болеста“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

