Свет
Шпанија објави дека ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел во Хаг

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави денес дека Шпанија ќе ѝ се приклучи тужбата на Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во која Израел е обвинет за геноцид за конфликтот во Газа.
Шпанија е втората европска држава по Ирска што се приклучи на постапката, а се придружија и Чиле и Мексико, пишува „Ројтерс“.
Јужна Африка поднесе тужба против Израел поради војната во Газа потенцирајќи дека Израел ги прекина своите обврски од Конвенцијата за геноцид.
Минатиот месец судот му нареди на Израел да ги спречи актите на геноцид над Палестинците и да направи повеќе за да им помогне на цивилите.
Како одговор на итно барање поднесено од Јужна Африка, МСП исто така му нареди на Израел „веднаш да ги запре својата воена офанзива и која било друга акција во провинцијата Рафа“.
Израел се соочува со зголемена меѓународна критика во последните неколку недели бидејќи иницира воена операција во јужниот дел на Газа, каде што се повеќето раселени луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.