Свет
Што претставуваат ковид-пасошите и дали ќе создадат повеќе проблеми отколку што ќе решат?
Владите во светот сè повеќе ја разгледуваат потенцијалната улога на ковид-пасошите, кои би им биле дадени на вакцинираните против коронавирусот кога зборуваат за повторно отворање на своите економии на начин на кој може да ги идентификуваат луѓето што се заштитени, пишува „Ројтерс“.
Но, оние што развиваат такви технологии предупредуваат дека алатки како електронскиот пасош исто така имаат последици, како што се исклучување цели групи луѓе од социјални настани и повикување на законодавците сериозно да размислат како да ги користат плодовите од работата на програмерите и инженерите во развој.
Индустријата за туризам и забава е особено заинтересирана за ковид-пасошите.
„Треба да се обидеме да се вратиме во нормала“, вели Саша Лорд, коосновач на музичкиот фестивал „Парклајф“. Тој посочува дека концертите или настаните на кои мора да се спроведат мерки за физички простор, едноставно не се финансиски исплатливи.
„ Свирка не е свирка, фестивал не е фестивал ако не стоиш рамо до рамо со твоите пријатели“, вели Лорд.
Тој сепак смета дека пасошите за вакцинираните треба да бидат избор, а не принуда, и дека оние што ги одбиваат треба да може да направат брз тест на коронавирус на влезот кога присуствуваат на социјални настани, како што се концерти.
Меѓу оние што развиваат ковид-пасоши, се и биометриската компанија „Ајпрув“ (iProov) и компанијата за сајбер-безбедност „Мвине“, а тие компании добија и финансиска помош од британската влада.
Основачот и извршен директор на „Ајпрув“, Ендру Бад, смета дека ваквите пропусници или пасоши треба да содржат само две информации: фотографија на лицето и потврда дека тоа лице е вакцинирано.
„Сè што треба да направите е да го поврзете лицето со статусот на вакцинација, идентитетот на лицето не мора да се знае“, рече Бад.
Во САД, додава тој, веќе има такви пропусници издадени од приватно здравствено осигурување за посетители на спортски или други настани.
Тој, сепак, предупредува дека може да има дискриминација, привилегии за одредени групи и исклучување млади луѓе, кои се последни во редот за вакцинирање. Тој се надева дека британската влада ќе го земе предвид сето ова и дека внимателно ќе размисли за сите последици од идната одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес регистриран во Романија
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 18:21 часот во Романија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 45,8336 и географска должина 26,7157.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 120 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Свет
Сикорски: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина и нема да запре
Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, денес во експозе за полската надворешна политика предупреди дека Русија не сака мир, туку капитулација на Украина и дека нема да застане тука.
„Сите сме свесни за опасноста. Ситуацијата е сериозна. Свеста за опасноста може да биде парализирачка. Не можеме да си дозволиме луксуз да останеме парализирани“, им рече Сикорски на членовите на долниот дом на полскиот парламент.
Тој предупреди дека некои сојузници не го исклучуваат сценариото Русија да го нападне НАТО, како што рече, не за две или три години, туку оваа година.
„Кремљ нема да попушти. Ќе тестира понатамошни граници. Путин не сака мир, тој сака само капитулација“, рече Сикорски и потсети дека Европа е веќе цел на руски хибридни напади – сајбер напади, поточно врз Полска од две илјади до три илјади дневно, диверзија и саботажа и масовно ширење дезинформации на Интернет.
„Целта на непријателот е едноставна. Да заплаши, да предизвика раздор, да поттикне разни групи Полјаци едни против други, да ја ослабне довербата во политичарите и владата. Полјаците, од најмладите до најстарите, мора да научат како да се справат со опасностите на Интернет. Патриотска должност е да се биде свесен кој, што и со која цел е објавено“, рече тој.
Сикорски им порача на сите во Полска кои мислат дека помагањето на Украина не вреди, дека треба да разберат дека слободна Украина како дел од Западот е шанса и можност и за нивната татковина.
„Шанса да се скршат забите на рускиот империјализам, да се зајакне заедничката одбрана, за интензивна трговска размена, заеднички проекти во одбранбената индустрија за ангажирање на нашите компании. Војната во Украина не е само за независноста на таа земја, туку и за тоа кој ќе биде трет најсилен играч во светот покрај САД и Кина – Русија или Европа“, рече тој.
Апелираше да се воведе таканаречениот воен Шенген во ЕУ, така што евентуалното доаѓање на сојузниците да помогнат да не трае со недели, туку да биде брзо без правни бариери“.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите во регионот.

