Свет
Штрајк на лекарите во Нигерија: Гладот е полош од Ковид-19

Лекарите во нигериските државни болници почнаа штрајк поради одложената исплата на платите и надоместоците, објави Синдикатот на лекарите.
Нигериските лекари често штрајкуваат поради, како што велат, лошите услови за работа, објави „Ројтерс“.
Тие минатата година штрајкуваа трипати барајќи надомест за лекување пациенти со Ковид-19. Претседателот на Националната асоцијација на лекарите (НАРД) рече дека штрајкот почна рано утрово и дека владата не стапила во контакт со Синдикатот по давањето известување.
На прашањето дали штрајкот ќе влијае на вакцинацијата против Ковид-19, тој изјави: „Гладот е полош од Ковид-19. Загубивме 19 члена поради Ковид-19, без осигурување во случај на смрт“.
Зголемување на бројот на заразени е регистрирано во Нигерија од средината на јули.
Од почетокот на епидемијата во 2020 година во Нигерија се регистрирани 174.315 случаи на коронавирус и 2.149 починати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.