Регион
Ѕидот на раздорот во Косовска Митровица никако да се урне
По состанокот одржан во четврток вечер во Брисел без официјални изјави по средбата на српската и косовската делегација, албански медиуми објавија дека разговорите на биле успешни, премиерот Александар Вучиќ вели дека прифатиле се, но косовската делегација ги менуваше ставовите.
Во Косовска Митровица, има голема тензија, која настана по неуспешните разговори меѓу српската и косовска делегација во Брисел и пораката која стигна од Приштина, дека нема да се дозволи формирање Заедница на српски општини, а на улиците има зајакнати патроли на косовската полиција.
Дополнително, тензиите има и околу уривањето на ѕидот кој среде Косовска Митровица беше изграден минатата година во близина на мост на кој се изведуваа работи за тој повторно да биде пуштен за сообраќај. Локалните Срби тврдеа дека тој ѕид е дел од проектот за изградба на пешачка зона, но во јавноста се сфати како ѕид на поделеност на Косовска Митровица на северен и јужен дел. По интервенција на меѓународната заедница, градоначалникот на Северна Митровица рече дека ѕидот ќе биде редизајниран и дека на тоа место ќе има нешто во вид на летна сцена.
Албанските власти пак во Косовска Митровица велат дека тој ѕид мора да биде урнат од оние кои го изградија. Сепак, дел од политичарите сметаат дек давањето важност на оваа тема е бегање од многу поважни теми на кои треба да се концентрира Косово.
Во меѓувреме, медиумите јавија дека сили на жандармеријата тргнале кон југот на Србија.
Претседателот Томислав Николиќ, по средбата со амбасадорите на Русија, Кина и САД пренесе дека однесување на Приштина во последната рунда од дијалогот на високо нив „не било со цел постигнување договор“.
„Ние даваме се од себе тензиите да се смират и да го сочуваме мирот, тоа е причина зошто одам во Рашка, затоа што нашите градоначалници се загрижени“, рече Николиќ.
Таму, синоќа беше и премиерот Александар Вучиќ, кој порача дека Приштина се занимава со највалканата пропаганда до сега, затоа што за време на преговорите претставниците на Приштина постојано ги менувале предлозите. Штом ќе постигнеле согласност, тие го менувале предлогот.
Вучиќ рече дека делегацијата на Србија прифатила се што и се предлагало, а од четирите постигнати спогодби еден е и за Косовска Митровица.
„Направивме многу компромиси за да го зачуваме мирот во цела Србија и на нејзините граѓани, како и за граѓаните на Косово. На 8 декември дојде до договор за самиот мост во Косовска Митровица, а во меѓувреме косовската делегација рече дека тие не се овластени да ја потпишат таа спогодба и се повлекоа. Според нив, ни косовските закони по кои тој потпорен ѕид е во надлежност на локалната самоуправа не важат“, рече Вучиќ.
„Важно е да го сочуваме мирот и тоа ќе го направине, повтори Вучиќ, додавајќи дека разговорите синоќа во Брисел биле тешки, а дека „цел ден зборуваат дека некој ги загрозува – српска полиција и војска, а каде се тие?“.
Укажа дека косовските единици РОСУ никогаш не патролирале по српските села, а дека нема да дозволи странските амбасадори да одредуваат каде ќе биде распоредена српската војска.
Србите во Косовска Митровица беа излезени на улиците, полицијата поставуваше камери на мостот. На репортер од „Танјуг“, насобраните луѓе му рекле дека се исплашени од се што се случува последните денови во врска со уривањето на ѕидот во близина на мостот./крај/т/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.

