Свет
Јужнокорејски брод задржан во пристаништето поради сомневање за шверц со нафта
Јужнокорејскиот брод беше задржан во Бусан, Јужна Кореја, под сомневање за нелегално изнесување нафта во Северна Кореја, изјавија официјални лица.
Од Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопштија дека ова е првпат еден јужнокорејски број да биде задржан под обвинение за кршење на санкциите што на Северна Кореја ѝ ги наметна Советот за безбедност на Обединетите нации поради нуклеарната програма, објави АП.
Во извештајот на Советот за безбедност на ОН минатиот месец се наведува дека Северна Кореја „ги избегнува санкциите“ со тоа што значително го зголемиле шверцот на нафта и јаглен, кои се префрлаат од брод на брод.
Во Јужна Кореја моментно има уште три брода чии екипи се обвинети за нелегално шверцување нафта во Северна Кореја и за извезување на нивниот јаглен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Патник во Австралија трчаше гол во авион среде лет и турна член на екипажот
Австралиската полиција соопшти дека уапсила маж кој го попречил домашниот лет со тоа што трчал гол во авионот и турнал член на екипажот. Летот VA696 од Перт до Мелбурн синоќа бил принуден да сврти набргу по полетувањето, пишува АП.
@7newsadelaideA man has been arrested by air marshals after allegedly running naked down the aisle of a Virgin Australia flight from Perth to Melbourne. #7NEWS
„По пристигнувањето во Перт, леталото го пречека австралиската федерална полиција и го симна патникот што предизвикуваше проблеми“, се вели во соопштението на авиокомпанијата „Вирџин Австралија“.
Мажот првично бил хоспитализиран за евалуација, соопшти полицијата. Австралиската телевизија Еј-би-си соопшти дека има сознанија оти никој не е повреден во инцидентот во авионот.
„Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е наш главен приоритет и искрено им се извинуваме на патниците што беа на летот“, соопштија од „Вирџин Австралија“.
Човекот се очекува да се појави на суд на 14 јуни, иако обвиненијата со кои ќе се соочи сè уште не се финализирани. Истрагата сè уште е во тек.
Европа
Норвешка вели дека признавањето на Палестина е важен ден; Израел: Одлуката е награда за акциите на Хамас
Норвешка, една од трите европски земји што денеска официјално ја признаа Палестина, го поздрави „важниот ден“ и изрази жалење поради очигледниот недостиг на Израел од „конструктивен ангажман“.
„Повеќе од 30 години Норвешка е еден од најверните застапници на постоењето палестинска држава“, изјави шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Еиде.
„Денот кога Норвешка официјално ја признава Палестина како држава е важен ден за норвешко-палестинските односи“, додаде тој.
Како дел од иницијативата координирана со Шпанија и Ирска, оваа нордиска земја минатата среда објави дека во вторник ќе ја признае државата Палестина.
Оваа одлука го налути Израел, кој ја смета за „награда“ за акциите на палестинското исламистичко движење Хамас во екот на војната во Појасот Газа.
Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, веднаш најави консултации со израелските амбасадори во овие три земји и ги покани на разговор нивните амбасадори во Израел.
Свет
(Видео) Кинеската армија ги покажа своите кучиња роботи, тие носат автоматски пушки
Изгледа како нешто од филм, но ова е најновата адаптација на роботиката за модерното бојно поле. За време на неодамнешните воени вежби со Камбоџа, кинеската војска покажа куче робот со автоматска пушка на грбот.
„Може да послужи како нов член во нашите урбани борбени операции заменувајќи ги нашите човечки членови за да вршат извидување и да го идентификуваат непријателот и да ја ангажираат целта“, рече војник идентификуван како Чен Веи во видеото на државната телевизија CCTV.
🇨🇳 PLA showcased two robot dogs — including one with a QBZ-95 assault rifle mounted on its back — during the 15-day China-Cambodia Golden Dragon 2024 joint military exercises that began on May 16. pic.twitter.com/b75K26BWzo
— Byron Wan (@Byron_Wan) May 27, 2024
Двеминутно видео снимено за време на вежбата на Кина и Камбоџа, „Златен змеј 2024“, покажува куче робот како оди, скока, лежи и се движи наназад, контролирано со далечински уред. Во една вежба робот што пука со пушка води пешадиска единица во зграда.
Воената употреба на роботски кучиња не е ништо ново. Видеото од CCTV од минатата година исто така покажа роботски кучиња вооружени со пушки во заедничка вежба, во која учествуваа кинеската, камбоџанската, лаоската, малезиската, тајландската и виетнамската војска, одржана во Кина во ноември минатата година. Во 2020 година американските воздухопловни сили исто така демонстрираа употреба на роботски кучиња.