Свет
Венецуела: Парламентот му го одзеде имунитетот на лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо
Парламентот на Венецуела донесе одлука за укинување на имунитетот на опозицискиот водач Хуан Гуaидо, отворајќи ја можноста за негово гонење и апсење.
На барање на претседателот на Врховниот суд на Венецуела, Маикел Морена, венецуелскиот парламент одржа вонредна седница и едногласно му го одзеде имунитетот на Гуaидо, кој е претседател на таа институција.
Гуаидо кон крајот на јануари беше прогласен за привремен претседател на Венецуела, а Врховниот суд воведе забрана за напуштање на земјата.Тој ја прекрши оваа одлука и отпатува за Колумбија во февруари. Потоа ги посети Бразил, Парагвај, Аргентина и Еквадор и се врати во Венецуела на 4 март.
Во Венецуела имаше протести од 10 јануари, кога претседателот Николас Мадуро положи заклетва за вториот мандат по бојкот на опозицијата.Тензијата беше дополнително зголемена кога водачот на опозицијата, Хуан Гуаидо, на 23 јануари се прогласи за привремен шеф на државата, а беше поддржан од САД и многу европски и латиноамерикански држави. Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико ја поддржуваат власта на Мадуро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на аеродромот Гардермоен во Осло
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на „Норвешка Ер“ на аеродромот Гардермоен во Осло, кој требало да полета на летот DI1990 за Сплит во 6.50 часот, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел од авионот, објави хрватски Дневник.
Норвешката полиција подоцна го идентификуваше лицето како 23-годишен хрватски државјанин.
Мотивите за овој чин засега не се познати.
Авионот бил полн со патници кои главно патувале во централна Далмација на одмор. Повеќето од нив не забележале дека се случува нешто необично, дури ни оние што седеле напред.
„Авионот веќе полета и додека се движеше кон делот од пистата, наеднаш застана. Првото известување до пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат. Полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад каде што се заклучил. Во авионот имало тепачка, сите сакале да видат што се случува, па не било јасно дали полициските сили влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Секако, тројца полицајци му ставиле лисици и преку пистата го одвеле до аеродромската зграда“, изјави еден од патниците кој со сопругата патувал за Водице, Хрватска.
Како што подоцна соопшти полицијата, патникот не бил во алкохолизирана состојба или под дејство на други опијати. Засега не е познато кои биле неговите крајни намери.
По завршувањето на сите формалности, новиот лет за Сплит пристигна околу 9 часот.
Компанијата им се извини на сите патници за доцнењето од два часа.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.