Свет
Њујорк пред катастрофа: по поплавите, на градот му следува закана од пожари
Чадот од шумските пожари во Канада го покрива Њујорк.
Шумските пожари, кои сè уште беснеат во Канада, се очекува да прекријат делови од североисточниот дел на САД носејќи густ чад во Њујорк и Масачусетс, соопштија синоптичарите.
„Сегашните прогнози покажуваат дека облак од чад од шумскиот пожар може да стигне до Њујорк околу изгрејсонце во понеделник наутро предизвикувајќи забележително магливо небо“, рече градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, во предупредувањето до жителите.
Одделот за заштита на животната средина на Њујорк прогнозира умерени услови за квалитет на воздухот предупредувајќи ги жителите што веќе имаат здравствени проблеми да ги преземат неопходните мерки на претпазливост во однос на прогнозираниот квалитет на воздухот.
„Пожарите во Канада продолжуваат да произведуваат чад во Њујорк, а чадот на голема височина може да биде видлив“, се наведува на социјалната мрежа Х.
Жителите на јужна Нова Англија се разбудиле од густа магла во неделата наутро, а Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекува уште помагливо време бидејќи чадот од шумските пожари се движи од Канада, според објавата на мрежата X објавена од „Ен-би-си Бостон“, пренесува CNN.
Чадот продолжува да влијае на квалитетот на воздухот во регионот додека Канада се бори со својата најлоша сезона на шумски пожари досега. Само на североисток во моментот има повеќе од 50 шумски пожари, кои горат во Онтарио, и пет активни пожари во Квебек.
Медиумите потсетуваат дека на 30 септември беше објавено дека во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради поплавите предизвикани од големото невреме. Многу патишта и метро-станици беа поплавени, а затворен е и најмалку еден терминал на аеродромот „Ла Гвардија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

