Свет
„Њујорк тајмс“: Трамп се гордее што е националист
Американските претседатели за себе не велат дека се националисти зашто тој збор во светот носи негативна историска конотација, а претседателот Доналд Трамп во обидот да го поттикне своето конзервативно изборно тело во што поголем број да излезе на конгресните избори во ноември, почна да го користи токму тој збор и да се гордее со него, пишува „Њујорк тајмс“.
На митинг во Хјустон тој го усвоил тој збор, што е типично за него, без никакви ограничувања, додава весникот.
Трамп ги повика медиумите да стават крај на непијателскиот однос кон него по инцидентот со сомнителните пакети со експлозив, кои беа испратени до високи американски личности. Пакети со експлозив беа испратени до Си-ен-ен, до врвот кај демократите, вклучително и кај Барак Обама и Хилари Клинтон.
Ниту еден пакет не експлодира, а ФБИ спроведе голема операција за откривање на испрќачот.
Критичарите на претседателот ги нарекоа неговите коментари лицемерни кога тој често користи злобен јазик против своите противници и новинарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

