Свет
Џонсон: Бајден е како налет на свеж воздух

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го поздрави американскиот претседател Џозеф Бајден како „голем налет на свеж воздух“ затоа што тој сака да соработува со Лондон за голем број прашања, од климатските промени и Ковид-19, до безбедноста.
„ Тоа е налет на свеж воздух“, рече Џонсон за неговиот разговор со Бајден, пренесува „Ројтерс“.
„ Тоа е ново, интересно и се трудиме многу. Разговаравме околу еден час и 20 минути. Тоа беше долг и добар разговор. Опфативме огромен спектар на теми “, рече британскиот лидер.
Тој ги минимизираше несогласувањата со Вашингтон во врска со влијанието на Брегзит врз мирот во Северна Ирска, велејќи дека САД, Велика Британија и ЕУ се во „целосна хармонија“ во изнаоѓање решение за поддршка на мировниот договор од 1998 година.
На прашањето дали Бајден изразил загриженост за ситуацијата во Северна Ирска, Џонсон одговорил не.
„ САД, Велика Британија и ЕУ имаат апсолутно заеднички став, а тоа е да обезбедат продолжување на рамнотежата на мировниот процес“, рече тој, додавајќи дека е оптимист.
Претходно, Џонсон го пречека американскиот претседател Бајден во англиското приморско одморалиште Карбис Беј, пред утрешниот почеток на самитот на Г7.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин